запечени тестенини во доматен сос

Запечени тестенини во доматен сос

Никогаш доста од вкусните тестенини. Може да се подготват како вкусен појадок, ручек или вечера, а сигурни сме дека никој во фамилијата нема да има приговор и да се јадат целиот ден. Рецептот за нашиот денешен предлог за запечени тестенини во доматен сос со колбаси ни доаѓа од кујната на Лана. Превкусен и лесен како и сите нејзини рецепти.

Овие топли денови искористете ги за шетање и дружба со пријателите, наместо во готвење на долги и комплицирани рецепти за кои ви требаат часови. Направете си вкусни тестенини по ваша желба, а по рецептот на Лана и израдувајте ги сите дома. Вкусот е одличен, ние ви гарантираме.

Запечени тестенини во доматен сос

Состојки:

  • 300 г чадени колбаси
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 поголеми домати
  • 400 г тестенини по ваш избор (макарони, шпагети, машнички…)
  • 400 мл пилешки бујон
  • сол и црн пипер по вкус
  • рендан кашкавал по желба
  • магдонос по вкус
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Кромидот исчистете го и ситно исечкајте го. Запржете го на малку врело масло.
  2. Колбасите исечкајте ги на ситни коцки. Откако кромидот ќе омекне во него додајте ги и колбасите и продолжете со пржење.
  3. Доматите кратко бланширајте ги во врела вода за полесно да се отстранат лушпите. Потоа, излупете ги и исечкајте ги на коцки. Доматите заедно со лукот додајте ги тавата со колбасите и се заедно пропржете ги.
  4. Потоа, додајте ги и тестенините и прелијте ги со пилешкиот бујон. Откако течноста ќе зоврие намалете ја температурата на шпоретот и продолжете со варењето околу 15 минути или додека тестенините омекнат. По потреба за време на варењето додајте уште малку вода или пилешки бујон.
  5. Откако тестенините ќе се сварат ставете ги во плех за печење. Врз нив нарендајте малку кашкавал и кратко запечете ги во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути за да се растопи кашкавалот.
  6. Вака подготвените запечени тестенини во доматен сос послужете ги додека се топли. Пред сервирање поросете сечкан магдонос или млад кромид во комбинација со зелена салата како прилог. Добар апетит!

Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини во сос од павлака со маслинки и домати.

Сподели: