маска за лице

Зимска маска за нега на лицето во ладните денови

Ниските температури и ветерот влијаат негативно на изгледот на кожата. Заедно со сувиот воздух во затворените простории, тие предизвикуваат кожата да биде сува, без сјај, затегната, па дури и да се лупи и иритира. Ние имаме природно решение! Оваа зимска маска за нега на лицето ќе и обезбеди витамини, минерали и антиоксиданси на кожата, кои ќе и помогнат да се бори против штетните фактори кои се непријатели во текот на ладните денови.

Ниту една купечка маска не може да ја освежи и да нахрани вашата кожа со хранливи материи, а без хемиски состојки колку што можат природните маски. Домашните маски за нега на лицето потекнуваат уште од античко време, кога луѓето правеле третмани за убавина кои им помагале да ја одржат кожата нежна, чиста и сјајна.

Денес сите природни маски се во тренд. Оваа домашна маска ќе ви помогне да ја исчистите, нахраните и заштитите кожата во ладните денови.

зимска маска

Зимска маска од авокадо за сува кожа

Природната маска од авокадо е одлична за сува кожа, која може лесно да се иритира во зимскиот период. Лесно е да ја направите, а потребни ви се:

  • ½ авокадо
  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло.

Во длабок мал сад ставете го авокадото. Испасирајте го со виљушка, а потоа додајте го маслиновото масло. Добро измешајте за да се добие хомогена смеса.

Маската нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува за време од 10 до 15 минути. Потоа лицето измијте го со млака вода и нежно избришете го крпа. Маската нанесувајте ја на лицето еднаш до два пати неделно, или по потреба.

Ви предлагаме да прочитате: Маски и купка од овес – решенија за сува кожа.

Сподели: