Излечете ја главоболката со етерично масло од каранфилче 1

Излечете ја главоболката со етерично масло од каранфилче

На сите ни е најлесно да посегнеме по таблетки кога и да почувствуваме главоболка. Наместо да постапите слично како и секој пат, пробајте да се ослободите од главоболката со природната моќ на мирисното етерично масло од каранфилче.

Каранфилчето најмногу е познато како зачин кој можеме  да го користиме во разни слатки и солени јадења, а на вареното вино му дава посебна арома. Меѓутоа, не сите знаат за лековитата страна на омилениот мирисен зачин. Таа се должи на еугенолот, кој е главна активна компонента на каранфилчето. Еугенолот е заслужен за аналгетичките својства. Тој ги блокира одредените рецептори за болка, а делува во внатрешноста на главата по само неколку минути од користењето.

Излечете ја главоболката со етерично масло од каранфилче 2

Како помага еугенолот за ослободување од главоболката?

Најголема концентрација на еугенол се наоѓа во етеричното масло на каранфилчето. Тоа лесно може да се купи во аптеките или продавниците за растителни алтернативни лекови. Во алтернативната медицина се практикува отстранување на главоболката баш со помошта на етеричното масло од каранфилче. Ставете по една капка од маслото на двете слепоочници и потоа измасирајте се со кружни движења, кон надвор, со благ притисок на врвовите на прстите.

Ако имате проблем со чувствителна кожа на лицето, прво информирајте се подетално. Пред употреба на етеричното масло советувајте се со својот лекар за да избегнете можност за иритација на кожата.

Ви препорачуваме да прочитате: Каранфилче за одлична циркулација и здрави непца.

Сподели: