домашен кафеав шеќер

Како да направите домашен кафеав шеќер за 2 минути?

Кафеавиот шеќер има убава арома и често се користи за подготовка на десерти. Во оваа содржина ви откриваме како може брзо да си направите кафеав шеќер само од две состојки.

Како се прави кафеавиот шеќер?

Штом станува збор за кафеав шеќер, се мисли на шеќер кој содржи меласа, која ја дава кафеавата боја и вкус. Постојат два начини за индустриско производство на кафеав шеќер.

Нерафиниран или делумно рафиниран кафеав шеќер. Овој шеќер содржи меласа која потекнува од шеќерната репка или трска која се користи за производство. Се означува како суров, природен, турбинадо, демерара или мускадов шеќер, во зависност од производството.

Рафиниран кафеав шеќер. Се прави така што во белиот рафиниран шеќер се додава меласа. Тој уште се нарекува комерцијален кафеав шеќер и е мек и влажен, за разлика од другиот. Па, токму ваков шеќер може да направите дома.

кафеав шеќер

Како може дома да направите кафеав шеќер?

Темно кафеавиот шеќер содржи 6,5% меласа, а светло кафеавиот кој уште се нарекува златен, содржи 3,5% меласа. Меласата е клучната состојка која му ја дава бојата и вкусот на карамел.

Состојки:

  • 1 чаша шеќер
  • 1 до 2 лажици меласа.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го шеќерот. Додајте ја меласата и измешајте. Кафеавиот шеќер чувајте го во тегла со капак. Користете го по потреба.

Ви предлагаме да прочитате: Чај од печен шеќер и млеко кој помага при кашлица.

Сподели: