лажен снег од сода бикрабона

Како да направите лажен снег со сода бикарбона

На новогодишните идеи им нема крај! Забавувајте се со најмалите и направете снешко од лажен снег кој нема да се топи и ќе биде дел од празничната атмосфера во домот.

Магијата на празниците е во полн ек. Сите започна да го разубавуваат домот со декорации кои може да ги направите дома. Во последниов месец ви претставивме како се прави симпатичен снешко од пластични чаши, празнични тегли со снежни топки и креативни начини на пакување на новогодишните подароци, а сега имаме уште една супер идеја. Направете празнично катче со новогодишни украси, како снешко, топки и други декорации изработени од лажен снег.

лажен снег

Направете лажен снег од две состојки

За да направите лажен снег потребни ви се само две состојки:

  • 3 чаши сода бикарбона
  • ½ чаша регенератор за коса во бела боја.

Во длабок сад ставете ја сода бикарбоната. Во садот додајте го регенераторот за коса и измешајте ја смесата со рацете. Може да добиете густа, леплива течност. По потреба додајте сода бирарбона и повторно мешајте додека се добие смеса со изглед на снег.

Лажниот снег ставете го поголема чинија. Во чинијата може да ставите и новогодишни украси или пак од лажниот снег да него направете снешко.

Како очи на снешкото поставете зрна црн пипер, а носот направете го од чепкалка за заби, која претходно ќе ја обоите во портокалова боја. Ставете две гранчиња како раце и заврзете тенка лента околу вратот на снешкото. Со тоа вашата новогодишна декорација со лажен снег е готова.

Имајте убави празници!

Ви предлагаме да прочитате: 20 новогодишни декорации за домот и трпезата.

Сподели: