освежувач за патики

Како да направите освежувач за патики

Патиките се едни од најудобните и најпотребните обувки на поголемиот број од нас, а ретко кој не се соочува со проблемот на непријатен мирис, посебно после повеќе часа носење. Затоа, ви предлагаме да си направите сами корисен и ефикасен освежувач за патики, кој на брз и едноставен начин ќе ја зголеми вашата удобност при носењето, а ќе ја намали непријатноста во друштво.

Вистински упивач на непријатните мириси е добро познатата сода бикарбона, за која досега сме слушнале дека се користи за отстранување и неутрализирање на мириси во фрижидерот. Сега можете да ја претворите во одличен освежувач за патики, а најдобро е што претставува евтин метод кој ќе ве „спаси“ вас и вашите домашни.

Сѐ што ви е потребно за да направите освежувач за патики се неколку состојки.

освежувач за патики

Состојки:

  • 2 чисти чорапи
  • 400 гр сода бикарбона
  • 30-50 капки етерично масло по желба.

Подготовка:

  1. Во сад ставете ја содата бикарбона и во неа додајте го етеричното масло (најдобро одговара од рузмарин и нане/пеперминт, а вие можете да си комбинирате по желба).
  2. Смесата измешајте ја добро, а потоа ставете ја во чорапите. Внимавајте чорапите да немаат дупчиња, за содата да не дојде во контакт со патиките.
  3. Чорапите наполнети со сода бикарбона ставете ги преку ноќ во замирисаните патики, а непријатниот мирис до утрото ќе исчезне, ќе остане само пријатната арома од етеричното масло.

Сподели: