Како да препознаете дали имате преактивен мочен меур и какви мерки да преземете 1

Како да препознаете дали имате хиперактивен мочен меур и какви мерки да преземете?

Хиперактивниот мочен меур (ХАММ) е широко распространета состојба која влијае на милиони луѓе на глобално ниво. Го менува нормалниот тек на животот, влијае на сонот, на работните задачи… А, важно е дека не сѐ е така „црно“ и дека може да делуваме! Прочитајте многу повеќе на темава од подолниот текст.

Кои се симптомите на хиперактивен мочен меур?

Најпрво да ги спомнеме нив, а потоа може да преминеме на ризик факторите и превенцијата. Па, еве кои се најчестите симптоми:

  • Често мокрење, 8 или повеќе пати во текот на 24 часа.
  • Будење во текот на ноќта повеќе од еднаш за да се уринира. Оваа состојба е позната како ноктурија.
  • Неможност да се задржи урината.
  • Неможност да се заспие или спие непречено.
  • Случајно протекување на урината од ненадејни нагони за мокрење. Оваа појава е позната уште и како уринарна инконтиненција.
Како да препознаете дали имате преактивен мочен меур и какви мерки да преземете 2

Кои ризик фактори доведуваат до појава на хиперактивен мочен меур?

Ризик факторите за појава на ХАММ се варијабилни. Може да физички или когнитивни и да бидат поврзани со стареењето, разни невролошки заболувања како деменција, Паркинсонова болест, опструкција на мочниот меур поради констипација, зголемена простата или разни хируршки компликации. Исто така, оваа состојба може да биде предизвикана од нервно оштетување на уринарниот тракт, невролошки нарушувања како што се мултиплекс склероза и мозочен удар, камења во мочниот меур или тумори. Некои лекови кои го зголемуваат количеството на урината, исто така може да доведат до појава на оваа состојба.

Кога сме кај нарушувањата на виталните органи и нервниот систем, има нешто што е добро сите да го знаеме. Лецитинот е најзастапен фосфолипид (комплексен вид на маст) во организмот, особено присутен во виталните органи како срце, мозок, црн дроб и нервниот систем. Недостатокот на лецитин доведува до зголемена нервоза, замор, напнатост и губење на силата. Затоа, ако се соочувате со некоја ваква слична состојба, може да пробате да го земате Sunflower Lecithin на Now Foods.

Sunflower lecithin

Повеќе информации може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да ги набавите. Или, посетете ги поголемите аптеки или јавете се телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. А во случај на конкретно прашање за користењето пишете ни на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела за подетален одговор и ќе ви одговориме.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Уринарна инфекција при патувања – што може да помогне?

Превенција и лекување на ХАММ

Превенцијата е секогаш најдобар лек:

  • Најважен фактор за спречување на оваа состојба е одржување на здрава телесна тежина и редовно вежбање. Здравото тело го оптимизира функционирањето на уринарните патишта и другите витални органи. Активниот начин на живот е најдобриот начин за борба против дијабетесот и дебелината, кои на некој начин се дел од причинителите на ХАММ.
  • Други превентивни мерки кои може да се превземаат против оваа појава, вклучуваат ограничување на алкохолот и кофеинот и откажувањето на цигарите.
  • Доколку веќе се соочувате со ХАММ, постојат одредени мерки кои што може да се преземат за да се подобри состојбата. Една студија објавена од Универзитетот на Харвард покажала дека 70% од жените кои користеле некаков вид на алтернативна терапија се изјасниле дека имале значително подобрување. Овие третмани може да вклучуваат разни додатоци во исхраната, суплементи, билки и терапии.

Во продолжение издвоивме неколку алтернативни третмани кои помагаат за намалување на симптомите на ХАММ: 

Семки од тиква

Семките од тиква се богати со омега – 3 масни киселини, кои поседуваат силни антиинфламаторни особини. Една студија докажала дека маслото од семе од тиква ја подобрува функцијата на уринарниот тракт и ги намалува симптомите на ХАММ.

Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно. Повеќе за нив може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде исто така може и да ги нарачате до вашиот дом. Овие производи ги има и во поголемите аптеки или може да ги нарачате на телефонот +389 (2) 32 46 000.

omega 3 6 9

Вежбање за одложување посета на тоалетот

Прво, започнете да водите дневник во кој ќе запишувате колку често сте го посетиле тоалетот. Следно, обидете се да го одложите одењето во тоалет за неколку минути. По некое време, овие 10 минути ќе може да ги зголемите на 15, а потоа на 20 и така да прогресирате во нагорна линија. Секако дека тоа не значи да трпите и да го одлагате одењето во тоалет со часови, туку само да го пролонгирате и да го намалите вкупниот број на посети во текот на денот.

Кегелови вежби

Кегеловите вежби ги зајакнуваат мускулите на дното од карлицата и ги ограничуваат несаканите контракции. Во продолжение прочитајте неколку инструкции како правилно се прават кегелови вежби:

  • Обидете се да ги пронајдете вашите карлични мускули.
  • Бидете сигурни дека вашиот мочен меур е празен и релаксиран.
  • Легнете на грб на рамна површина. Ставете ги рацете од двете страни покрај телото. Опуштете ги вашиот задник и стомакот.
  • Вдишете и додека издишувате подигнете го задникот од површината, при што треба да ги стегнете мускулите на карлицата, стомакот и задникот. Држете ја положбата околу 5 секунди.
  • Ослободете ги мускулите на 10 секунди и повторете ја постапката.
  • Правете по 10 повторувања во една серија, три пати дневно. Трудете се да го зголемите овој број на 90 повторувања дневно (што значи 3 пати на ден по 30 повторувања или поделено во 3 серии по 10 повторувања).
  • За најдобри резултати, вежбите правете ги барем 8 недели секојдневно.
  • Ако имате можност, повторувањата зголемете ги и до 180 дневно, односно 3 пати дневно по 3 серии од 20 повторувања – 60 повторувања во 3 наврати дневно).

Совет плус: Ние истражуваме со цел да ви помогнеме да имате поквалитетен живот, препорачуваме и советуваме, а во секој случај, пред да правите нешто на своја рака, задолжително советувајте се со својот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

*Комерцијален текст.

Сподели: