Како да препознаете квалитетен и добар цимет?

Како да препознаете квалитетен и добар цимет?

Во исхраната се користи кората во која има високата содржина на етерични масла кои го даваат спесифичниот мирис. Меѓутоа, во поново време може да се сретнат информации за одредена штетност на циметот. На што се должи тоа, кој се смета за добар цимет и како да го користиме за да го извлечеме најдоброто од него?

Циметот потекнува од Шри Ланка, чие поранешно име е Цејлон и тој цејлонски цимет (Cinnamomum verum) е всушност вистинскиот цимет. Постои и кинески цимет (Cinnamomum cassia) кој е со послаб квалитет, многу поефтин, а исто така многу повеќе застапен на пазарот. Одговорот на прашањето зошто кинескиот цимет е со послаб квалитет е содржината на кумарин, која не смее да е повисока од дозволеното.

Како да препознаете квалитетен и добар цимет?

Што е кумаринот?

Кумаринот е состојка која природно се наoѓа во многу растенија. Неговата содржината во храната треба да биде ограниченa со закон до прифатливата дневна доза или 0,1 mg кумарин на кг телесна тежина. Во кинескиот цимет може да има многу повеќе кумарин од она што е дозволено и здравo за исхрана на луѓето.  Така, кумаринот е повеќе присутен во кинескиот цимет отколку во цејлонскиот цимет каде што неговата количината се движи во нормални и прифатливи граници. Кога количина на кумарин е посилна се чувствува посилна арома и лутина. Прекумерна доза на кумарин може да доведе до оштетување на црниот дроб и бубрезите, што не значи дека повремена консумација на кинескиот цимет веднаш ќе резултира со штетно дејство врз организмот. Најчесто ваквите негативни ефекти се јавуваат само од редовна и прекумерна употреба на ваквиот цимет што не е препорачливо. Според тоа, може да се каже дека само цејлонскиот цимет е безбеден за употреба.

Како да направите разлика помеѓу цејлонскиот и кинескиот цимет, и да препознаете кој е добар цимет?

Речиси е невозможно да се направи разлика кој е вистинскиот цимет кога е во вид на прав, освен тоа што кинескиот цимет има интензивна арома и поизразено лут вкус. Но, кога циметот е во вид на стапчиња многу лесно може да се направи разлика бидејќи кинескиот или касиа циметот се состои од една подебела кора која е завитката како ролна, додека стапчето на цејлонскиот цимет е формирано од повеќе тенки кори завиткани во една ролничка, а разликата може да ја воочите на сликата. На крај, може да се каже дека цејлонскиот цимет е најпогоден за човечка исхрана, додека кинескиот цимет е по повеќе погоден за миризливи свеќи и слични ароматични производи.

Сподели: