Кора од калинка природен лек против пролив и цревни паразити

Кора од калинка природен лек против пролив и цревни паразити

Кога се зборува за кора од калинка треба да знаете дека имате две можности, да ја искористите кората од стеблото на калинката, а исто така и кората од плодот кој е многу лесно достапен за сите нас. Посебно делотворно дејство било утрврдено при третирање на проливи и цревни паразити.

Хемискиот состав на кората од калинката е одговорен за нејзиното лековито дејство

Кората од калинка содржи повеќе од 20% танин што и овозможува да биде ефикасен лек против проливи. Исто така, содржи до 17% пепел и алкалоидите пелетиерин, изопелетиерин, металпелетиерин и псеудопелетиерин.

Кора од калинка природен лек против пролив и цревни паразити

Како да направите чај од кора од калинка?

Кората не треба да ја фрлате, туку треба да ја исушите и да ја зачувате за момент на потреба како што е случај при лечење на проливи, отстранување на цревни паразити и против цревни инфекции. Сувата кора од калинка иситнете ја на помали парчиња и складирајте ја на суво место.

За да направите чај земете 3 големи лажици иситнета кора од калинка и прелијте ја со 1 литар вода која врие, оставете да отстои 15 минути и потоа процедете го. Пијте по 2-3 шолји чај на ден, правилното дозирање на чајот е многу важно и не смеете да претерувате со дозата затоа што може да влијае токсично.

Чајот од кора од калинка можете да го користите и за испирање на устата против афти, облоги на кожа против дерматитис итн.

Употреба на кората од калинките е корисна и специфична

Ова е многу корисно растение и овошје кое овозможува употреба не само на плодот, туку и неговата кора, кората и гранките од стеблото, па и коренот. Се смета дека кората од стеблото на калинката е еден од најдобрите лекови против цревните паразити, а посебно против оние познати под името пантличари. Со оглед на тоа што е корисна, но превисоки концентрации во организмот може да влијаат неповолно, препорачуваме да се консултирате со добро упатено стручно лице или лекар.

Сподели: