Крокети со компир и сусам 1

Крокети со компир и сусам

Ако мислите дека не можете да замислите јадење или мезе без месо, пробајте ги овие крокети со компир и сусам. Воодушевањето нема да може да престане!

Совршени за долги разговори со пријателите, филмски вечери во топлиот дом или различни домашни забави.

Крокети со компир и сусам 2

Состојки:

  • 500 гр компир
  • 200 гр брашно
  • 40 гр путер или маргарин
  • 50 мл вода
  • прстофат сол по вкус
  • суви зачини по желба
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр сусам
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечени на коцки сварете ги во посолена вода.
  2. Штом се свариле, тргнете ги од огнот, исцедете ги и изгмечете пире од нив.
  3. Во садот со топлото пире додајте ги зачините и путерот/маргаринот.
  4. Кога смесата малку ќе се излади, додајте го и брашното, претходно разматено со малку од водата во која се варел компирот. Замесете тесто.
  5. Тестото поделете го на парчиња во големина по желба.
  6. Во секое од парчињата ставете коцка кашкавал и обликувајте топка. Тука треба да внимавате да не остане простор во кој ќе се гледа кашкавалот, мора да биде добро обвиткан.
  7. Крокетите извалајте ги во сусам и пржете ги во сад со повеќе масло.
  8. Пржените крокети вадете ги врз хартија, за да може вишокот на маснотија да се впие во неа. Послужете топло и уживајте!

Ви препорачуваме да прочитате: Печени крокети од компири и мелено месо.

Сподели: