Ладно цедено масло од горка кајсија против воспаленија и за добро здравје 1

Ладно цедено масло од горка кајсија против воспаленија и за добро здравје

Со повремена или редовна консумација на ладно цедено масло од горка кајсија може да го израдувате телото на повеќе начини. Тоа е светло жолто масло со карактеристичен мирис и вкус. Наменето е во главно за пиење и поседува богати биолошки карактеристики, а може да се нанесува и надворешно. Подолу во текстот ви откриваме повеќе информации.

Горката кајсија потекнува од Западна Азија (Ерменија) или Кина. Ова мало дрво, со темно зелена боја, со сјајни овални листови, бара топлина и го има скоро насекаде низ светот.

Кајсиите се користат во нивната основна форма, но исто така се користат и во приготвување на компоти, мармалади, џусови, суво овошје, овошни желеа, бренди, ликери од кајсија и како масло од семки од кајсија. При процесот на ладно цедење, семката од кајсија ги задржува своите природни состојки и природни карактеристики.

Ладно цедено масло од горка кајсија против воспаленија и за добро здравје 2

Хранлива вредност на маслото од горка кајсија

Со користење на маслото од горка кајсија, човечкото тело прима незаситени масни киселини кои вршат неутрализација на активноста на токсичните супстанции. Маслото од горка кајсија е богато со незаситени масни киселини, особено олеинска (60%) и со линолна (25%) киселина која е од суштинско значење.

Исто така, содржи многу хранливи материи – минерали, витамините А, Ц, К , Е, Б17, кои се пак од витално значење за нашата кожа. Особено витаминот Б17, кој посебно се смета превентивен и спречува различни видови на тумор.

Здравствени придобивки од маслото од горка кајсија

Здравствени придобивки на маслото од горка кајсија се способноста да го третира варењето, метаболизмот, трески, кожни заболувања, рак и анемија. Маслото од кајсија е корисно за лекување затегнати мускули и рани. Исто така, има способност за подобрување на здравјето на срцето, намалување на нивото на холестерол, спречува влошување на видот и помага за губење на телесната тежина, третирање на респираторни проблеми, зајакнување на цврстината на коските и одржување на електролитниот баланс во организмот.

Маслото од горка кајсија има и козметичка примена

Често се додава како состојка во различни производи за нега на коса. Тоа совршено се апсорбира во кожата и не предизвикува алергиски реакции, дури и на повеќето чувствителни кожи.

Омекнувачките и навлажнувачки својства се одлични за лицето, рацете и косата. Исто така се користи и како маска на лицето за хидратација на кожата.

Поради неговите благодати тоа исто така се користи во терапиите за масирање.

Напомена: Ова масло не се препорачува за мали деца и бебиња. Бремените жени се должни да се консултираат со лекар пред да го користат.

Препорака од нас

Доколку сакате да си набавите ладно цедено масло од горка кајсија, посетете ја онлајн продавницата на Фила или сите подобро снабдени маркети и продавници за здрава храна.

Ви препорачуваме да прочитате: Како се употребува и за што е корисно ладно цеденото сончогледово масло?

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: