страчатела торта

Лесна страчатела торта

Засладете се и вие со парче страчатела торта! Има лесно приемлив и одличен лесен вкус кој предизвкува слатки сензации, но не прави да се чувствувате презаситено. Декоративна е и погодна за секакви свечени пригоди и прослави, а зошто не и убави домашни собири. Не пропуштајте што поскоро да уживате во неа!

страчатела торта

Состојки:

Пандишпан:

  • 4 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 8 лажици масло
  • 8 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 ќесичка прашок за печиво

Фил:

  • 350 гр слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • 170 гр кондензирано млеко
  • 100 гр рендана чоколадо за готвење.

Подготовка:

  1. Најпрво се подготвува пандишпанот. Јајцата, шеќерот и ванилата се матат во светла кремаста смеса.
  2. Се додава маслото и малку се мати.
  3. Брашното, какаото и печивото се мешаат и се додаваат во смесата, па убаво се меша со лажица.
  4. Смесата турете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап (големина 26см) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
  5. Печениот пандишпан оставете го да се излади, а во меѓувреме подгответе го филот.
  6. Изматете ја слатката павлака со медот, додека се зацврсти, па додајте го кондензираното млеко и продолжете со матење за да се изедначат.
  7. На крај додајте ја чололадата и измешајте со лажица.
  8. Пандишпанот исечете го на половина. Ставете половина од филот помеѓу двете половинки пандишпан, а останатата половина ставете ја од горе и обликувајте ја тортата.
  9. Оставете ја во фрижидер малку да се излади, а потоа послужете ја.

На здравје!

Сподели: