Маска од грозје за свеж изглед на кожата на лицето

Нашата кожа со текот на годините започнува да ја губи еластичноста и влажноста. Постојат различни скапи методи кои што се препорачуваат во козметичката индустрија, но наместо да трошите пари, може да ја искористите моќта на овошјето и да го подобрите изгледот на кожата.

Брзиот начин на живот, недостатокот на сон, загадувањето и стресот допринесуваат кожата да изгледа уморно и лошо. Па ако и вие сте во потрага по маска за лице која ќе ја детоксицира, осветли, тонира, исчисти и зајакне кожата, пробајте ја оваа маска од грозје.

Грозјето е едно од најдобрите намирници кое има моќ за детоксикација и помага за забавување на процесот на стареење. Познато е по тоа што ја подобрува еластичноста на кожата, го враќа младешкиот сјај, ја навлажнува, богато е со витамин Ц и Е, а го спречува сушењето на кожата. Тоа содржи состојки кои може да помогнат при различни проблеми на кожата како акни, брчки, митесери и темни кругови.

Голем број на скапи козметички производи во својот состав користат екстракти од овошје или зеленчук. Па, затоа не двоумете се да ја направите оваа маска и да ги искористите благодатите кои грозјето ни ги нуди. Влезете во кујната и направете си домашна маска од грозје, а резултатите ќе бидат видливи веднаш.

Состојки:

Подготовка:

  1. Над мала чинија, добро исцедете ги зрна грозје, а кората фрлете ја. Во чинијата додајте брашно по потреба за да се формира паста.
  2. Добиената маска од грозје нанесете ја на лицето и оставете ја да стои 10 до 15 минути. Потоа, измијте го лицето со млака вода.
  3. Маската може да ја нанесувате еднаш до два пати во текот на неделата, а особено се препорачува да ја нанесете врз лицето навечер.  Ако имате сува кожа, може да додадете малку мед или банана.

Сподели: