Маска од кафе за освежување и подмладување на кожата

Маска од кафе за освежување и подмладување на кожата

Многумина не можат да си го замислат почетокот на денот без шолја црно кафе. Тој магичен пијалак кој  утрото го прави совршено, ви помага да се расоните во целост и да добиете додатна доза на енергија, може да направи и нешто друго за вас! Кафето има и многу други намени. Постојат различни начини како може да се искористи, а меѓу нив е и ефикасното лекување и освежување на проблематичната кожа. Овој ефект се должи на присуството на антиоксидансите кои кафето ги има во изобилство. Па, за таа цел решивме да го искористиме и направивме маска од кафе и млеко за освежување и подмладување на кожата на лицето. 

Маска од кафе и млеко за освежување и подмладување на кожата

За разлика од другите препарати, кафето може да се користи и како природен пилинг кој ефикасно ја чисти кожата и навлегува длабоко во порите. Нема потреба да трошите пари на скапи производи за нега на лицето, затоа што со користење на оваа маска ќе постигнете резултати со поеднаков ефект.

Еве зошто е корисна оваа маска:

Кафе – ги намалува воспалението и црвенилото на кожата, како и појавата на темни кругови околу очите. Исто така одлично е за ексфолијација на кожата и помага за отстранување на мртвите клетки. Нашиот избор е секогаш Elitte кафе. Проверен квалитет со кој веднаш да започнете во подготовка на маската.

Млеко – убавата Клеопатра за нега на нејзината кожа се бањала во млеко, со што добивала здрав сјај. Млечната киселина е добра за ексфолијација, природните ензими помагаат за нежна кожа, а аминокиселините ја одржуваат кожата хидрирана.

Мед – природно ја навлажнува кожата и ја одржува нејзината свежина.

Потребни ви се:

  • 1 лажица Elitte кафе
  • 1 лажица млеко со помал процент на млечна маст
  • 1/2 мала лажичка мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во мал сад ставете ги кафето и млекото. Измешајте ги за да добиете паста.
  2. Добиената маска за лице нанесете ја на чиста кожа.
  3. Оставете ја да делува за време од 20 минути. А ние, како страсни љубители на кафето, предлагаме за тоа време да испиете филџан утринско Elitte кафе. Мирисот ќе делува на сите ваши сетила и ќе ве релаксира, додека маската ќе го исчисти и хидрира лицето.
  4. На крај, измијте ја маската со топла вода и започнете го денот освежени и подмладени.

Зошто треба да ја користите оваа маска?

Еве неколку одговори на ова прашање:

  • Кафето ја зголемува циркулацијата и на тој начин помага во обновувањето на вашата кожа.
  • Таа е богата со антиоксиданси, кои длабоко продираат во порите на лицето и го чистат.
  • Создава совршен „штит“ против штетните УВ зраци и го спречува оштетувањето на кожата.
  • Чувството на мека кожа по користењето на оваа маска е феноменално. Крајните резултати дефинитивно ќе ве убедат дека користењето на маската со кафе ќе биде дел од вашата неделна рутина.

Ви предлагаме да прочитате: Талог од кафе – корисен на 9 начини.

Сподели: