маст против изгореници

Маст против изгореници со восок и маслиново масло

Незгодите во домот се честа појава, особено доколку имате љубопитни деца или пак сте по малку несмасни. Па така, изгорениците на кожата не се ни малку ретка појава. Затоа е добро да имате маст или крем при рака, кој ќе ви се најде во правиот момент. Ви претставуваме рецепт за домашна маст против изгореници која е навистина многу ефикасна.

Оваа домашна маст може да ја користите и против изгореници од сонце, но и за посериозни изгореници кои настанале како резултат на директен контакт со оган или врела вода. Сепак, за оние потешките изгореници, најдобро е да се консултирате си вашиот доктор, пред да нанесете било што на вашата кожа.

маст против изгореници

Како да направите домашена маст против изгореници?

Состојки:

  • 1 чаша маслиново масло
  • 30 г листови гавез
  • 30 г цветови невен
  • 30 г цветови кантарион
  • 30 г пчелин восок
  • 50 капки етерично масло од лаванда.

Начин на подготовка:

  1. Во сад на пареа ставете го маслиновото масло и додајте ги сушените растенија.
  2. Потоа, загревајте го маслото на ниска температура за време од 60 минути.
  3. Откако ќе го тргнете садот од пареа, процедете го маслото низ густа ткаенина или газа.
  4. Во посебен сад стопете го пчелиниот восок на ниска температура.
  5. Во стопениот восок додајте ги и процеденото масло и етеричното масло од лаванда.
  6. Сите состојки добро промешајте ги се додека добиете хомогена смеса.
  7. Вака добиената маст против изгореници складирајте ја во чиста тегла.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите домашна маст против изгореници?

Сподели: