Моќното црно семе е природен „лек“ за најтешките заболувања

Црното семе е едно од најлековитите растенија во светот, а како лек се користи уште 2-3 илјади години пред Новата ера. Ова семе штити од мозочен удар, ги зајакнува крвните садови и заштитува од разни воспалителни процеси. Во продолжение дознајте повеќе за лековитите својства на моќното црно семе, како и за маслото кое се добива од него.

Постојат приказни дека моќното црно семе е пронајдено во гробницата на Тутанкамон, што докажува дека уште во древниот Египет се користело за разни медицински третмани. Eден од првите доктори во стара Грција, Педаниус Диоскоридес, напишал дека црното семе лечи главоболка, забоболка и паразити во цревата. Исто дека помага и при проблеми со дишните патишта. Од тогаш до денес се верува дека ова растение може да помогне во лекувањето на многу здравствени состојби и тоа без да го поремети природниот баланс на организмот. Се смета дека ова семе нема никакви штетни последици. Моќното црно семе не само што ја лечи веќе постоечката болест, туку спречува и појава на идни заболувања.

моќното црно семе е природен лек за најтешките заболувања

Нутритивна вредност на црното семе

Црното семе има висока нутритивна вредност. Содржи моносахарин, како и полисахариди кои не се составени од скроб и претставуваат одличен извор на диететски влакна. Богато е со масни киселини и тоа со незаситени како линолна и линолеинска киселина, попознати како омега 6 и омега 3 масни киселини. Токму поради нив, ова растение има мошне поволно влијание врз здравјето на мозочните клетки и ја подобрува циркулацијата на крв во мозокот. Содржи аргинин кој е важен за трудниците и го помага развојот на бебето. Покрај тоа богато е со каротен кој во црниот дроб се претвора во витамин А. Содржи и калциум, железо, натриум и калиум.

Поради аскробинската киселина, кверцетинот и лутеинот, црното семе поседува моќни антиоксидативни својства. Ги неутрализира слободните радикали во организмот, а многу истражувања покажале дека превентивно делува и на канцерогните заболувања. Исто така, штити од мозочен удар и ги зајакнува крвните садови.

Од народните преданија, се верува дека црното семе може да лечи болести како бронхијална астма, реума и воспалителни состојби во организмот. Со векови им се препорачува на доилките за подобра продукција на млеко. Ги ублажува симптомите на болестите на дигестивниот систем и го зајакнува имунитетот.

Масло од црно семе

За маслото од црно семе многумина тврдат дека е нешто најдобро што може да му го поклоните на својот организам. Тоа се користи за третирање на многу кожни заболувања како егзема и чиреви. А се користи и за лечење на грип и настинка. Иако црното семе во медицината се користи веќе илјадници години, во последниве 40 години науката малку повеќе посвети на истражувањето на неговите лековити својства. И оттогаш постојано се дополнуваат информациите за неговата лековитост. Некои дури веруваат дека со негова помош може да се лечат и некои видови на тешки болести како канцер и ХИВ.

моќното црно семе е природен лек

Како правилно се користи маслото од црно семе?

За да го зајакнете имунитетот се препорачува да земате по 1 лажица од ова масло, во комбинација со мед или свежо цеден овошен сок пред појадок. Доколку се борите против канцерогени заболувања земајте по 3 лажици на ден. Консумирајте го заедно со терапијата кој ви ја препишал доктор и во комбинација со здрава храна. За да го засилите ефектот на маслото, земајте го заедно со лук како превенција од многу заболувања.

Совет плус:

Многу е важно да се пронајде ладно цедено масло кое не содржи никакви адитиви. Наша препорака е да ги изберете квалитетното ладно цедено масло од црно семе од Фила и црното семе на Фила, кои може да се најдат во поголемите маркети низ Македонија или онлајн. За да го купите онлајн, посетете ја веб продавницата на Фила, каде што може да набавите масло од црно семе од 250 мл и обезмастено мелено црно семе од 250 г по најповолни цени. Доколку имате прашања во врска со користењето на црното семе и маслото добиено од него, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Античкото црно семе е моќен лек и во денешницата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: