антистрес топче

Направете антистрес топче и намалете ја напнатоста

Современиот начин на живот не поштедува никој од појавата на стрес. Свесни сме дека стресот е голем непријател на здравјето и убавиот изглед, а сепак сите го прифаќаме во животот како нешто нормално и не се обидуваме да го минимизираме неговото штетно дејство. Меѓу многуте совети за намалување на стресот е да поиграте со антистрес топче, кое можеби е и најзабавниот начин да се релаксирате и да ја намалите напнатоста.

Долготрајното изложување на стрес има негативни последици врз здравјето, па затоа потрудете се да го намалите колку што можете. Постојат многу различни начини за намалување на напнатоста и вознемиреноста, па секогаш може да пронајдете нешто кое вам ви одговара. А еве еден забавен начин за ослободувањето од стресот полесно отколку што мислите, со антистрес топче кое лесно може да го направите дома.

Направете антистрес топче низ 4 чекори

Пред да започнете со овој креативен проект, набавете си балони, брашно, лажица, стапче, инка и ножици, и следете ги следните чекори.

  1. Балонот поставете го врз инката. Потоа, со лажица земете од брашното и ставете во инката.
  2. При секое ставање на брашно, протресете ја инката, за да падне во внатрешноста на балонот. Со помош на стапче (може да користите четче за боење), добро притиснете го брашното во внатрешноста на балонот.
  3. Штом добиете топче со посакуваната големина, горниот дел на балонот заврзете го, а потоа со ножици отсечете го непотребниот дел.
  4. Со маркер исцртајте го топчето по желба и уживајте додека си играте со него. За најдобро разбирање на техниката, погледнете го краткото видео.

Ви предлагаме да прочитате: 13 техники за декорација на салфетки.

Сподели: