распукани колачиња 1

Новогодишни распукани колачиња

Новогодишните празници се прекрасна прилика за приготвување на најубавите и највкусни слатки задоволства! Тоа се денови кои поминуваат со најблиските во спокој, добро расположените и мирис на пресно подготвена храна. Па, токму по тој повод, ви го претставуваме рецептот за нашите омилени распукани колачиња. Нека замириса целиот дом на убавини!

Како голем плус го сметаме тоа што колачите се прават од здрави состојки, а освен тоа и не содржат глутен. Па така, и оние кои се хранат здраво и внимаваат на исхраната дури и во празниичнииот период, може да уживаат во вкусен десерт без чувство на вина. А, супер е што се погодни и за оние кои се на безглутенска исхрана.

распукани колачиња 2

Состојки:

  • 200 г црно чоколадо
  • 80 г кокосово масло
  • 100 г кокосов шеќер
  • 2 мали лажици чиа семе натопени во 4 мали лажици ладна вода
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 50 г оризово брашно
  • 50 г кокосово брашно
  • 100 г бадемово брашно
  • 1 супена лажица какао
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • шеќер во прав за валкање.

Подготовка:

  1. Најпрво растопете го чоколадото на пареа.
  2. Во длабок сад ставете ги кокосовото масло, кокосовиот шеќер, екстрактот од ванила и растопеното чоколадо. Убаво измешајте за состојките да се соединат.
  3. Додајте го чиа семето претходно натопено во вода околу 10 минути.
  4. Во друг длабок сад измешајте ги сите брашна, прашокот за печиво и какаото.
  5. Сувите состојки ставете ги во садот со смесата од чоколадо и миксирајте со миксер додека се добие хомогена смеса.
  6. Земајте по малку од тестото и со рацете формирајте топчиња. Секое топче извалкајте го во шеќер во прав.
  7. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути.
  8. Готовите распукани колачиња оставете ги малку да се изладат и да се стегнат. Потоа послужете ги. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Суви празнични колачи со лешници и цимет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: