Омбре велигденски јајца 1

Омбре велигденски јајца

Нема кој не слушнал за омбре ефектот нели? – Овој тренд се појави во изминатите години и се применува за боење на храна како што се јајцата во овој случај, а уште повеќе за боење на коса, шминка, за облека, во разни дизајни на садови и мебел, за прибор, чаши и што уште не. А бидејќи сега наближува Велигден, ние техниката на нијансирање ви предлагаме да ја пробате за декорирање на празничните јајца. Уживајте во едноставноста на нијансирањето и во прекрасните омбре велигденски јајца кои ќе ги направите.

Овој домашен направи сам проект може да ги вклучи и децата, ќе ве разоноди и расположи. Резултатот ќе биде ведри јајца кои ќе го красат вашиот дом и ќе предизвикаат насмевка на вашите лица. Освен тоа, комбинирањето на нијансите е секогаш добра идеја, па, не двоумете се лесно е.

Омбре велигденски јајца 2

Како да направите омбре велигденски јајца?

Потребно:

  • јајца по потреба
  • 1 или повеќе прехранбени бои по желба
  • вода
  • сад/садови.

Начин на подготовка:

  1. Јајцата прво сварете ги, а потоа оставете ги да се изладат и добро да се исушат.
  2. Во сад турете вода во висина до 2 см и додадете боја по желба.
  3. Постапката на боење правете ја дел по дел со секое јајце. Прво земете едно јајце во раката и натопете го во бојата само долниот дел. При тоа, за подобар интензитет на бојата држете го најмалку 1 минута или подолго зависно од интензитетот на боење.
  4. Потоа, во садот додадете уште малку вода и натопете го јајцето до половина и така држете го околу 30 секунди со што ќе имате посветла нијанса од бојата.
  5. На крајот, во садот додајте вода која може да го покрие целото јајце и потопете го кратко околу 10-15 секунди колку да ја добие својата трета и најсветла нијанса. По желба направете повеќе од 3 нијанси од една боја или обојте ги јајцата во различни бои.
  6. На крајот, оставете ги да се исушат и уживајте во омбре обоениот Велигден!

За многу години нека ни се празниците!

Ви препорачуваме да прочитате: На природен начин обојте жолти Велигденски јајца со куркума.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: