пинџур

Пинџур со модри патлиџани и моркови

Ако сакате малку поинаков и витамински вкус на вашата зимница, предлгов за пинџур со модри патлиџани и моркови сигурно ќе ви се допадне. Има малку поспецифичен вкус кој е одлика за него како посебен специјалитет од повеќе зелечнуци освен пиперки.

Битна карактеристика е што и на најмалите многу им се допаѓа вкусот на вака припремениот витамински пинџур, а штом го поминува тој тест, знаеме дека е одличен, бидејќи децата инстиктивно умеат да проценат што е добро и што сакаат да јадат почесто. Еве го рецептот кој ќе ви помогне да го направите својот пинџур.

Пинџур со модри патлиџани и моркови

Состојки:

  • 20 кг црвени пиперки
  • 10 кг зелени пиперки
  • 7 кг модри патлиџани
  • 3 кг моркови
  • 5 кг црвени домати
  • 2 л масло
  • 5 лажици сенф
  • 1 филџан шеќер
  • 1 филџан сол
  • 1 главица лук.

Подготовка:

  1. Пиперките се мијат, а потоа се печат, се лупат и се чистат од семките. На крај се оставаат да се цедат.
  2. Модрите патлиџани се печат во загреана рерна и се лупат, па и тие се ставаат да се цедат.
  3. Морковите се чистат и се варат.
  4. Доматите се лупат, се мелат и се ставаат во длабок сад да се варат. Во доматите се додава шеќерот и се варат додека течноста се згусне.
  5. Пиперките, модрите патлиџани и морковите се мелат.
  6. Во поголем сад на оган се ставаат сварените домати и се додаваат мелените пиперки, патлиџани и моркови. Во садот се додава 1 литар масло и смесата се пржи на потивок оган со постојано мешање.
  7. Откако ќе испари течноста, се додава и 1 литар масло и пинџурот се пржи на посилен оган. Пред крај на пржењето се додаваат сол, сенф и лук по вкус.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: