посна coleslaw салата

Посна Coleslaw салата

Зелка, моркови и кремаст сос од мајонез споени во една од светски популарните салати! За време на постите бидете покреативни во кујната и испробувајте нови јадења. Наш предлог за овој период е вкусната и посна Coleslaw салата.

Може да ја послужите како прилог со похувани јадења како посни ќофтиња од грав или печени посни крокети од леќа и овесни снегулки. Доколку не постите треба да знаете дека совршено се вклопува со пилешко месо или пак месо приготвено на скара. А за уште поголемо уживање, послужете помфрит или салата од компири како втор прилог. Coleslaw може да ја додавате и во сендвичи, хамбургери и хотдози. Салатава се приготвува уште од 18-ти век, а ако ја немате направено дома, време е да се упатите кон кујната.

посна колеслау салата

Состојки:

Посен прелив од мајонез за coleslaw салата:

Подготовка:

  1. Зелката пресечете ја на половина и отстранете ги горните листови. Секоја половина пресечете уште еднаш, а потоа ситно исчекајте ја. По желба зелката може да ја изрендате или да се исечкате со блендер. Ситно сечканата зелка ставете ја во длабока чинија за салата.
  2. Морковите излупете ги, па изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ренданите моркови додајте ги во чинијата со зелката и измешајте. Зачинете со сол и мелен црн пипер.
  3. Во друга чинија ставете ги посниот Витанез, киселината, солта и шеќерот. Измешајте ги со лажица и пробајте малку од преливот. По желба додајте повеќе сол, шеќер или киселина.
  4. Преливот ставете го во садот со зелката и морковите, а потоа добро измешајте.
  5. Приготвената coleslaw салата ставете ја во фрижидер за време од еден час пред сервирањето. Доколку обожавате покремаста салата ставете од преливот врз сервираната салата или додајте 1 лажица посен мајонез пред да ја послужите. На крај наросете мелен црн пипер. Уживајте во светот на вкусовите и за време на постите!

Ви предлагаме да прочитате: Посна крем салата со цвекло и мајонез.

*Спонзориран текст

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: