месо замрзнување

Како правилно да замрзнете и одмрзнете месо?

Сезоната на скара и свежо месо полека одминува, па време е се информираме како најдобро да замрзнеме и одмрзнеме месо кое ќе биде вкусно и убаво без крвави остатоци, како и погодно за подготовка на разни јадења во текот на зимата. 

Еве како да го чувате и припремите месото на исправен начин:

Замрзнување на месо

Доколку месото сте го купиле во хартиена или најлонска кеса задолжително извадете го, а потоа ставете го во ќеса за замрзнување, истиснете го воздухот и добро заврзете го или уште подобро може да употребите специјални „зип“ кеси и да се осигурате дека мирисот на фрижидерот нема да се чувствува на месото. Замрзнатото месо е најдобро да го приготвите во рок од 4 месеци.

месо замрзнување

Одмрзнување на месо

Постојат 4 начини на кои можете да го одмрзнете суровото месо без развој на бактерии:

  1. Одмрзнување во фрижидер за ладење. Ставете го местото во чинија и оставете го да стои во најдолната полица во фрижидерот за ладење. На овој начин ќе избегнете контакт на месото со другата храна, а најголем недостаток на овој начин е тоа што ако станува збор за поголемо парче месо може да бидат потребни до 24 часа за одмрзнување.
  2. Одмрзнување во вода. Ако го потопите во ладна вода месото ќе се одмрзне доста брзо. При тоа треба да внимавате водата да биде постојано ладна, па потреба треба да ја менувате. Со овој метод, месото ќе се одмрзни за неколку часа, зависно од големината на парчето. Одмрзнатото месо на овој начин, мора да го употребите веднаш.
  3. Одмрзнување во микробранова печка. Со помош на програма за одмрзнување месото ќе го одмрзнете многу брзо, но потоа користете го веднаш.
  4. Готвење на одмрзнато месо. Понекогаш месото на скара може да го припремате директно од замрзнувач. Едноставно ставете го на скарата, чекајте да се одмрзне потполно, а потоа печете исто како кога е свежо.

Сподели: