Природен освежувач за простории

Природен освежувач за простории

Освежете го вашиот дом со природен освежувач за простории! Без хемикалии и без штетни состојки, напротив со мирис по ваша желба кој може да го изберете и прилагодите многу лесно.

Повеќе наши пријатели ги споделија своите емоции од позитивното искуство од употребата на овој освежувач за простории, па веруваме дека откако ќе го пробате ќе ви се допадне и на вас.

Природен освежувач за простории 2

Состојки:

  • мала стаклена тегла
  • сода бикарбона во количина доволна да наполните ¼ од теглата
  • 10 капки етерично масло (по ваш избор)
  • алуминумска фолија.

Подготовка:

  1. Стаклената тегла која сте ја избрале треба да биде чиста и сува. Во неа ставете сода бикарбона во количина која одговара на 1/4 од вкупната висина на теглата.
  2. Врз содата попрскајте ги капките етерично масло со мирис по ваш избор и измешајте ја содржината во теглата. Предлагаме да изберете етерично масло од лаванда кое одлично влијае на организмот и го релаксира.
  3. Теглата затворете ја со алуминиумска фолија, а потоа направете неколку отвори на фолијата. Отворите може да ги направите доволно големи и тегличката да ја декорирате со неколку зелени гранчиња, па освен освежувачка овој домашен препарат ќе има и декоративна улога. Повремено протресувајте ја теглата и свежиот мирис секогаш ќе биде присутен во вашиот дом.

Се надеваме ќе уживате во мирисот на домашниот и природен освежувач за простории!

Сподели: