Пролетно чистење на кујната со сода бикарбона

Натриум бикарбонат, кој во домаќинствата е познат како сода бикарбона, широко се применува во прехранбената, хемиската индустрија и козметика. Често пати содата ја нарекуваат и бел прав со чудесно дејство и тоа со право! Па, сега ќе ве упатиме како може да ја искористиме за пролетно чистење на кујната.

Содата бикарбона може да се користи како додаток во шампони, при бричење, изгореници, за чистење на мрсни садови и слично. А кога сме кај кујната еве неколку практични примери за пролетно чистење со сода бикарбона, кои ќе ви бидат од голема корист:

Пролетно чистење на кујната со сода бикарбона

Лесно исчистете ја рерната со помош на сода бикарбона

Чистењето на рерната, некогаш може да биде макотрпно и да ви одземе многу време. За да ја исчистите рерната, посипете сода бикарбона и малку вода, па оставете да стои преку ноќ. Утрото лесно ќе може да ја исчистите рерната без многу триење.

За блескаво и чисто стакло на рерната направете паста со сода бикарбона и вода

Сигурно редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш е наталожено со тврдокорни маснотии кои ни малку не е лесно да се отстранат? Не сте единствени кои се соочувате со ваков проблем. Едноставно, во длабок сад ставете ¼ чаша од содата, па постепено додавајте малку вода се додека добиете течна паста. Пастата нанесете ја преку целото стакло на вратата од рерната. Оставете ја да делува околу половина час за да омекнат сите тврдокорни маснотии. Откако ќе забележите дека смесата почнала да делува, а масните дамките се разлеваат по стаклото, избришете ја пастата прво со мокра, а потоа и со сува крпа.

Темелно исчистете ја кујнската даска за сечкање со сол и сода бикарбона

Од време на време, потребно е кујнската даска темелно да се исчисти. За да ја исчистите темелно, направете паста од една лажичка сол, една лажичка сода бикарбона и малку вода или сок од лимон, а потоа добро истријте ја даската. На крај, исплакнете ја со топла вода.

Исчистете ги загорените тави и тенџериња со помош на сода бикарбона

Со текот на користењето врз тавите за печење се наталожува нечистотија која тешко може да се отстрани. Не, постои лесно и брзо решение. Тавите попрскајте ги со сода бикарбона. Со помош на изводенета кујнска хартија, добро разнесете ја содата насекаде по површината. Земете малку алуминиумска фолија и стуткајте ја во топка. Со неа добро истријте ги дамките. На крај, тавата измијте ја со детергент за миење на садови и вода, а потоа повторете ја постапката доколку е потребно.

Совет плус: Овој начин на чистење со сода бикарбона и алуминиумска фолија немојте да го применувате на нелепливи тави и калапи за печење.

Чистење на тенџериња и тави со помош на сода бикарбона и киселина

И на најискусните домаќинки им се случува понекогаш да им загори храната во тенџерето. Потопувањето на тенџерињата во вода и напорното рибање со разни хемиски средства нема да резултира со отстранување на сите дамки и нечистотии. За да ги исчистите загорените тави и тенџериња потребни ви се 3 лажици алкохолна киселина, 2 чаши вода и 1 лажица сода бикарбона. Во тавата која ви загорела додајте ги водата и киселината. Тавата ставете ја на оган и оставете водата да зоврие. Откако водата ќе зоврие додајте ја лажицата сода бикарбона и почекајте водата да стане пенеста. Тавата тргнете ја од огнот, почекајте пената да се намали и отстранете ја течноста. Потоа изгребете ги нечистотиите со рапавата страна од сунѓерот.

На крај, во тавата ставете врела вода и детергент за миење садови. Земете четка и без многу напор отстранете ги преостанатите нечистотии.

Помалку миризлива канта за ѓубре

Неутрализирајте го лошиот мирис од кантата за ѓубре со помош на сода бикарбона. Доволно е да посипете сода бикарбона во кантата, а потоа ставете нова кеса. Тоа ќе помогне да се отстрани мирисот.

Ви предлагаме да прочитате: 8 домашни средства за лична хигиена направени со сода бикарбона.

Сподели: