смуди од боровинки и јогурт

Освежително смуди од боровинки и јогурт

На сите ни треба освежителен пијалак кој ќе ни даде сила и енергија за почеток на денот. Па затоа, денес ви претставуваме рецепт за подготвување на смуди од боровинки кое има убава виолетова боја и прекрасна арома.

Позната е изреката дека отровот се чува во мали шишенца, но во нив се чува и лек. Ова е посебно точно кога се работи за боровинки, бидејќи ова мало овошје ја помага работата на мозокот, ја омекнува сувата кожа, а исто така го спречува развојот на канцерогени клетки. Боровинките во себе содржат најмногу антиоксиданси од сите свежи овошја кои досега се тестирани. Антиоксидансите му помагаат на имуниот систем така што ги неутрализираат слободните радикали кои што влегуваат во телото преку пестицидите или димот.

Затоа, направете си смуди од боровинки и искористете ги хранливите својства!

смуди од боровинки

Состојки:

  • ½ чаша млеко со мал процент на масти
  • ½ чаша јогурт или кисело млеко
  • 1 чаша замрзнати боровинки
  • 1 мала лажичка мед.

Подготовка:

  1. Млекото, јогуртот, боровинките и медот ставете ги во блендер. Миксирајте ги кратко време додека ја добите посакуваната густина.
  2. Готовото смуди од боровинки послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите совршено смуди?

Сподели: