нега на кожата по сончање

Состојките од кујната корисни за нега на кожата по сончање

Голем број од нас ја завршија сезоната на капење и сончање на плажа, па време е да споделиме неколку совети за нега на кожата, одржување на нејзината мекост, нежност и хидратација. Море, река, езеро,  прекрасни места каде се обновува нашиот тен и станува чоколаден, но како да се задржи подолго прекрасната боја на кожата? Повелете неколку совети.

Пилинг на кожа за нега по сончање 

Пилингот е апсолутно неопходен за да ги отстраните мртвите клетки од кожата, ги отвора порите и кожата може нормално да дише. Се препорачува да правите пилинг на кожа до два пати неделно. Ние ви предлагаме да го пробате шеќерниот пилинг за лице и тело.

нега на кожата по сончање

Маска од мед и лимон за нега на кожа на лице

Измешајте мед и сок од лимон, а потоа нанесете на кожата и оставете да делува 15 до 20 минути. Медот се бори против инфекции, акни и воспалувања на кожата, и ја прави мека. Оваа маска не само што го чисти лицето, туку ја прави кожата сјајна и свежа. Маската е погодна и за мрсна кожа.

Сок од лимон и краставица за ексфолијација и свежина

Нанесете на кожата сок од лимон и краставица и оставете да дваесетина минути, а потоа исплакнете со млака вода. Лимонот врши ексфолијација на кожата и ги отвора порите, а краставицата ја освежува уморната кожа. Оваа постапка можете да ја правите секој втор ден.

Млеко и павлака против сувост на кожата

Нанесете на кожата млеко и павлака и оставете да се исуши, а потоа исплакнете со млака вода. Млекото е една од природните состојки кои можат да ја подобрат состојбата на сувата кожа. Истовремено ја прави кожата хидрирана и затегната, а доколку имате мрсна кожа овај третман не е за вас.

Ние веќе пробавме и сме задоволни од ефектите, па затоа за оние кои допрва ќе одат да уживаат на некоја плажа предламе да се заштитат со домашен лосион за сончање. Ако пак наидете на проблем со изгореници, вие или вашите деца кои предолго стоеле на сонце, погледнете кои домашни лекови ќе ви помогнат да се справите со изгорениците од сонцето.

Сподели: