Море, плажа, капење и компелтно уживање – годишните одмори се во тек. Освен костим за капење и најдрагите апостолки, неизоставен дел се и средставата за сончање кое ве штитат од штетните сончеви зраци. Природните масла можат да ја обноват, подмладат и заштитат кожата. Тие се значително поевтини, природни и високо ефективни во грижата на кожата. Маслиновото масло е одлична состојка која помага за да добиете убав тен, а многумина од нас го имаат дома. Кокосовото масло може да се користи како природен крем за сончање и исто така може да се користи за намалување на штетите од изгореници од сонцето.
Еден од најдобрите начини за да постигнете убаво потемнет тен, а воедно да го зачувате здравјето на вашата кожа е да се сончате секој ден постепено. Пред да започнете со сончањето важно е да направите ексфолијација и да ја исчистите вашата кожа, а потоа да нанесете лосион или крем. На овај начин ќе постигнете подобри резултати. Козметичката индустрија нуди голем број на средства за сончање, но добро е да се знае дека може дома да направите природен лосион за сончање со кокосово, маслиново масло, есенцијално масло и цинк оксид, кој има фактор 20 и е подеднакво ефикасен во споредба со купечките средства.
Состојки:
- ½ чаша кокосово масло
- ¼ чаша маслиново масло
- есенцијално масло по избор (лаванда, ванила)
- 2 лажици цинк оксид
Подготовка:
- Во длабок метален сад ставете ги кокосовото масло, маслиново масло и додајте неколку капки есенцијално масло по ваш избор.
- Садот ставете го на пареа, мешајте за да се растопи кокосовото масло и се добие хомогена смеса.
- Потоа, садот тргнете го на страна и внимателно додајте го цинк оксидот. Повторно измешајте и смесата турете ја во мала тегла. Оставете го лосионот за сончање да се излади за неколку часа.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашни лекови при изгореници од сонце.