Тахини паста - Едноставен начин да ја направите сами дома

Тахини паста – Едноставен начин да ја направите сами дома

Погледнете го видеото кое ќе ви покаже како на едноставен начин на направите Тахини паста, која обично се користи за припрема на хумус или како додаток на тахини вкус во разни салати. Лесно и брзо ќе направите нешто за кое малку ќе се трудите, многу ќе уживате, а исто така нема да потрошите многу пари како кога би купиле тегличка од некој маркет.

За тоа ви е потребна убава тава со цврсто дно, која ќе може убаво да се загрее и дрвена лажица за мешање, блендер за убаво да ја хомогенизирате смесата и неколку минути од вашето време. Пробајте го, нам ни се допадна вкусот, па ви го препорачуваме.

Состојки:

  • 250 гр сусам
  • 60 мл екстра девствено маслиново масло

Подготовка:

  1. Ставете ја тавата на оган, оставете малку да се загрее и потоа додадете го сусамот.
  2. Со помош на лажицата раширете го сусамот по дното на тавата и убаво испечете го, но не да стане многу темен. Со оваа постапка се овозможува ослободување и излегување на мастите од сусамовото семе.
  3. Припремете го блендерот, а потоа ставете го испеченото сусамово семе во него за да се иситни. Пред да го уклучите, додајте го маслиновото масло и затворете го со капак. Оставете кратко да се блендира, а потоа отворете го капакот и соберете ја надолу смесата од ѕидовите на блендерот, па повторно блендирајте.
  4. Кога ќе видите дека од смесата се формирала мазна, убава паста тахини пастата е готова и можете да ја складирате во тегли.

Вкусот на домашната тахини паста е одличен, многу подобар од оној во маркетите и што е важно, знаете што сте ставиле внатре. Тахини пастата може да се користи на многу начини, а нејзината трајност е до неколку недели, што значи сигурно ќе имате можност да ја уживате заедно со некои ваши пријатели или други гости. На здравје!

Сподели: