чистење на сребрен накит

Чистење на сребрен накит со сода бикарбона

Имате сребрен накит, но тој веќе потемнел со текот на времето? Можеби сте разочарани дека сте потрошиле пари, а накитот постепено се „уништува“ пред вашите очи. Време е за темелно чистење со сода бикарбона!

Дали знаете зошто ги применуваме и препорачуваме природните начини за чистење и одржување на домот? Тие се едни од најпријателските начини за околината и немаат штетно влијание врз растителниот и животинскиот свет. Плус тоа се ефикасни и ќе ви заштедат пари.

чистење на сребро

Чистење на сребрен накит со сода бикарбона

Со текот на времето се јавува потемнување на среброто. Затоа, се препорачува повремено чистење и враќање на првобитниот изглед на накитот. Чистењето со сода бикарбона ќе ви помогне за да ги исчистите прашината и замрсувањето на сребрените предмети. Пред да започнете обезбедете ги сите потребни садови и материјали. Потоа, следете ги инструкциите, чекор по чекор.

Потребна опрема:

Постапка за чистење:

  1. Садот обложете го со алуминиумска фолија, така што сјајната површина ќе биде на горната страна.
  2. Сребрените предмети ставете ги во садот. Налејте врела вода за да ги покрие предметите.
  3. Во садот ставете две лажици сода бикарбона од Витаминка. Во водата треба да се појават меурчиња.
  4. Оставете ги сребрените предмети во растворот од сода бикарбона за време од 30 минути.
  5. На крај извадете го накитот, темелно измијте го и исушете го. Блеска исто како првиот ден, нели?

Совет плус: Овој метод на чистење најдобро е да се користи за мали сребрени предмети како прстени, обетки, ланчиња и белегзии.

Ви предлагаме да прочитате: Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации.

*Спонзориран текст

Сподели: