Чоколадна авокадо торта 1

Чоколадна авокадо торта

Сигурни сме дека ако некој ве почести со парче од оваа превкусна чоколадно авокадо торта ќе бидете среќни како што сме и ние. Многу е убава на изглед, а уште повеќе за јадење!

Кате избра декорација од чоколадо во прав, пулпа од авокадо и кандирани цреши, па ако ви се допаѓа слободно направете ја и вие. Некои можеби ќе имаат своја идеја за декорација, па по желба слободно изберете според својата креативност. Она што е важно е дека тортата е превкусна!

cokoladna avokado torta 2

Состојки:

Пандишпан:

  • 3 јајца
  • 80 гр шеќер
  • 50 мл масло
  • 55 гр брашно
  • 80 гр густин
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица рикота
  • 8 прашок за печиво.

За фил:

  • 250 гр маскарпоне
  • 175 гр бело млечно чоколадо
  • 40 гр путер
  • 25 гр шеќер во прав
  • 1 авокадо.

За декорација:

  • 180 мл слатка павлака
  • неколку лажици чоколадо во прав
  • малку пулпа од авокадо
  • 3 кандирани цреши.

Подготовка:

  1. Прво подгответе пандишпанот. Во сад измешајте ги сувите состојки – брашното, густинот, печивото и какаото.
  2. Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, па додајте го маслото и проматете уште малку.
  3. Потоа во изматената смеса постепено додавајте ги сувите состојки мешајќи со жица и на крај додајте ја рикотата.
    Промешајте и претурете ја смесата во тркалезен калап. Печете на 180 степени за време од околу 15 минути.
  4. Испечениот пандишпан оставете го убаво да се излади, а потоа пресечете го на половина (во хоризонтална линија) така што ќе добиете 2 подеднакво дебели кружни половинки.
  5. Продолжете со подготовка на филот. Во сад на пареа ставете го чоколадото и путерот да се растопат.
  6. Оставете малку да изладат, па додајте ги шеќерот во прав и маскарпонето. Соединете ги убаво матејќи со миксер на најмала брзина.
  7. Со лажица извадете ја пулпата од авокадото и изблендирајте ја, а потоа додајте ја во изматениот фил. На крај, промешајте убаво со помош на шпатула.
  8. Откако е готов филот, на подлога за торта ставете го едниот дел од пандишпанот. Премачкајте со филот и поклопете со другата половина од пандишпанот.
  9. Целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака, па украсете по желба.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадна торта со јаболка.

Сподели: