шеќерен маникир - пролетни нокти

Шеќерен маникир – уникатна идеја за пролетни нокти

Пролетта е одличен период за да го пробате овој шеќерен маникир. Направете еден малку поинаков и потполно несекојдневен декоративен изглед на вашите нокти и уживајте во туѓите погледи и убави позитивни коментари. Она што е различно, секогаш е интересно!

шеќерен маникир - пролетни нокти

Потребно за шеќерен маникир:

  • Безбоен лак
  • Лак во вашата омилена боја или можеби повеќе бои кои ги обожувате
  • Шеќер.

Начин на примена:

  1. Ноктите треба да бидат чисти и суви. Намачкајте ги со еден слој безбоен лак како основа.
  2. Потоа ставете лак во боја, па врз ноктот веднаш истурете шеќер.
  3. Шеќерот ќе се залепи, но за подолго траење ставете од горе уште еден слој на безбоен лак.

За најдобро да направите шеќерен маникир, препорачуваме да го погледнете и видео приказот. Пролетта е одлична сезона и период на уживање во бои, па слободно искористете ја својата фантазија и направете нешто поинакво деновиве!

Сподели: