DHA omega-3

Што е DHA? Кои се придобивките за нервниот систем?

DHA (докозахексаеноичната киселина) е полинезаситена омега-3 масна киселина која се наоѓа во организмот и е значајна за нормално функционирање на мозокот, вклучувајќи раст и развој на бебешкиот мозок. Таа е главна структурна маст, која сочинува 97% од омега-3 кои се наоѓаат во мозокот и 93% од омега-3 кои се наоѓаат во ретината на очите. Исто така, е клучна состојка на срцето.

Има поголем број на придобивки за здравјето, а дел од нив се:

  • поддршка на нервниот систем
  • феталниот и бебешкиот развој
  • поддршка на видот и здравјето на очите
  • подобрување на меморијатa
  • намалување на ризикот од срцеви заболувања
  • намалување на акните…

Овој пат ве запознаваме подетално со улогата на DHA и нејзиното влијание за нервниот систем.

DHA ДХА

DHA е потребна за правилен раст и развој на мозокот

Консумацијата на доволни количини на DHA е значајна за возрасните кога станува збор за здравјето и функцијата на мозокот. Оваа масна киселина е потребна за правилен раст и развој на мозокот кај новороденчињата. Покрај тоа таа е неопходна за одржување на нормални когнитивни функции на постари години.

Најголем дел од DHA се внесува преку храната, а можноста за синтеза во организмот е ограничена. Потребите на мозокот за DHA се поголеми во споредба со другите масни киселини. Затоа, потрошувачката на DHA e побрза, а тоа укажува дека на мозокот му е потребно постојано снабдување со оваа масна киселина.

DHA е значајна структурна масна киселина која се наоѓа во сивата материја на мозокот и ретината. Грануларните неврони во хипокампусот (дел од мозокот кој првенствено се поврзува со меморијата) продолжуваат да се зголемуваат низ годините. Формирањето на нови клетки во хипокампусот помага во објаснувањето зошто DHA е клучна за одржување на способноста за учење и функционирање на мозокот на постари години.

Суплементи со DHA

Од суплементите на нашиот пазар можеме да ги препорачаме DHA-500 од NOW. Примарниот концентрат на рибино масло кој се користи во оваа капсула е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Се тестира за да биде ослободен од потенцијално штетни нивоа на загадувачи (т.е. жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и други загадувачи). Оние кои имаат гадење или рефлукс од други рибини масла, со оваа ентерично-обложена и со контролиран мирис капсула, полесно е да се толерира.

Повеќе информации за DHA-500 прочитајте на веб страницата на Trimeks, од каде што може да ги нарачате, а и советувате за начинот на употреба.

Топ извори на DHA од храната

Кои намирници се богати со DHA?

Оваа масна киселина се наоѓа во состав на масните риби како сардини, лосос, скуша, туна, харинга и школките. Исто така е присутна во мајчиното млеко и е достапна во помали количини во месото и јајцата.

ДХА омега-3

Совет плус: Жените кои се бремени или планираат бременост не треба да консумираат големи количини од бела туна, ајкула и скуша. Тоа се должи на препораките за ограничување на внесот на жива која може да се најде во овие риби. Се препорачува бремените жени да не консумираат повеќе од 180 грама неделно од овие риби, а наместо тоа да внесуваат омега-3 од риби како лосос и сардини.

Ви препорачуваме да прочитате: Здрави масти – што треба да знаете за омега 3 и омега 6 масните киселини?

Сподели: