Холин – есенцијален нутриент за нормална функција на мозокот и телото

Холинот е хранлива состојка која е откриена неодамна. И, иако организмот ја произведува во мала количина, за да се задоволат потребите за холин, истиот да се внесува преку храната. Според некои истражувања, кај дел од луѓето не се задоволуваат препорачаните количини за овој нутриент. Затоа го направивме ова мало истражување и во соработка со Доктор Нела Деспотовска и Тримекс ве запознаваме подетално со холинот.

Што е холин?

Холинот е есенцијална хранлива состојка. Тоа значи дека е неопходна за нормална фунција на телото и човековиот мозок. Црниот дроб произведува мала количина на холин, но најголемиот дел мора да се внесува преку исхраната или преку суплементи. Холинот е органска состојка која е растворлива во вода. Не се класифицира ни како витамин, ни како минерал. Но, често се групира во групата на Б витамините, затоа што има голем број на сличности со нив. Влијае врз голем број витални функции на телото. Значаен е за правилна функција на црниот дроб, здрав развој на мозокот, движење на мускулите, одржување на здравјето на нервниот систем и метаболизмот. Заклучно, доволните количини на холин се потребни за оптимално здравје.

холин

Функции на холинот во организмот

Согласно истражувањата, холинот учествува во многу значајни процеси во организмот, меѓу кои:

  • Структура на клетките: Потребен е за создавањето на масти кои ја поддржуваат структурната целина на клеточните мемрани.
  • Клеточен пренос: Вклучен е во создавањето на т.н. клеточни преносници.
  • Транспорт на масти и метаболизам: Холинот е есенцијален за производство на супстанции кои се потребни за отстранување на холестеролот од црниот дроб. Неговиот недостаток може да доведе до таложење на масти и холестерол во црниот дроб.
  • Синтеза на ДНА: Холинот и другите витамини, како што се B12 и фолатите, помагаат во процеси кои се значајни за синтеза на ДНА.
  • Здрав нервен систем: Оваа состојка е неопходна за формирање на ацетилхолин кој е значаен неуротрансмитер. Тој учествува во меморијата, движење на мускулите, регулирање на срцевиот ритам и други основни функции.

Може да ве интересира: Детоксикација на црниот дроб со 4 намирници.

Лица кои се под ризик за недостаток на холин

Иако недостатокот на холинот е ретка појава, некои лица имаат зголемен ризик:

  • Спортисти: Нивоата на холин се намалуваат со долготрајните вежби кои бараат издржливост, што е случај кај маратонците.
  • Лица кои консумираат многу алкохол: Алкохолот може да ги зголеми потребите за холин, со што се зголемува ризикот од недостаток, особено кога внесот на холин е мал.
  • Жени во пост менопауза: Естрогенот помага за производство на холин во организмот. Кај жените во пост менопауза, нивоата на естроген се намалуваат, а со тоа се зголемува ризикот од недостаток.
  • Бремени жени: Потребите за холин се зголемуваат за време на бременоста. Ова, најверојатно се должи на потребите од холин за развој на неродените бебиња.

Топ извори на холин во исхраната

Холинот може да се внеси во организмот преку различни намирници или суплементи.

Суплементи со холин

Холин и инозитол

Холин и инозитол се дел од комплексот на Б-витамини кои учествуваат во формирање на клеточната мембрана и имаат клучна улога како невротрансмитери. Холинот е неопходен за нормален пренос на синаптика, здравје на мозокот и метаболизмот на масните киселини во црниот дроб. Инозитолот е исто така од суштинско значење за здравјето на мозокот и нервниот систем. И холинот и инозитолот се есенцијални компоненти на сите клеточни мембрани. Холинот е важен за транспорт и разградување на холестерол и масти (природна потпора на црниот дроб), додека инозитолот помага во повторно воспоставување на внатрешната рамнотежа.

Полезности:

  • Придонесува за нормален хомоцистеински метаболизам
  • Придонесува за нормален метаболизам на мастите
  • Придонесува за одржување на нормалната функција на црниот дроб.

Предупредување: Холин и инозитол од Now Foods се препорачуваат само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба.

Повеќе информации за холинот и инозитолот прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. Подетално информирајте се за начинот на употреба и предупредувањата за консумација на суплементи со холин, на овој линк.

Лецитин

Лецитинот е најшироко застапениот адитив и суплемент кој содржи холин. Now® Sunflower Lecithin (лецитин од сончоглед) има фосфатидил холин, најзастапен фосфолипид во клеточната мембрана. Лецитинот е најзастапен фосфолипид во организмот, особено присутен во виталните органи како срце, мозок, црн дроб и нервниот систем. Претставува клучен градежен материјал на клеточните мембрани, чија улога е да ги пропушта хранливите материи во клетките и да ги елиминира штетните материи од клетките.

лецитин холин

Повеќе за полезностите на лецитинот од сончоглед и употребата прочитајте на веб страницата на Trimeks, од каде што може и да го порачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Trimeks на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Намирници богати со холин

Намирниците генерално содржат фосфатидилхолин, а најбогати извори се:

  • јунешки црн дроб
  • пилешки црн дроб
  • јајца
  • лосос
  • карфиол
  • брокула
  • масло од соја.

Едно јајце обезбедува 20-25% од дневните потреби со холин, а две големи јајца задоволуваат речиси половина од потребните дози на организмот. Умерената исхрана, препознавањето на симптомите при недостаток на одредени хранливи состојки, физичката активност и редовните посети на доктор се клуч на доброто здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес.

*Спонзориран текст

Сподели: