Покрај мозокот, црниот дроб е орган кој има најмногу работа во човечкиот организам. Според многу научни истражувања, црниот дроб има околу 500 функции. Од филтрирање на отровните материи во крвта, па сѐ до намалување на нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес и покачен холестерол. Затоа, редовната детоксикација на црниот дроб е од големо значење за целиот организам.
Намалената функција на црниот дроб може да ги зголеми ризиците за кардиоваскуларни заболувања како што се артериосклероза, хипертензија, срцев и мозочен удар. Исто така, неправилната работа на црниот дроб може да доведе до појава на масни наслаги околу абдоминалната област.
4 сојузници на црниот дроб кој помагаат во неговата детоксикација
На црниот дроб повремено му е потребна помош за да ги извршува сите негови функции. Добрата вест е тоа што одредени природни хранливи материи имаат моќ ефикасно да го прочистат црниот дроб од токсини. Во продолжение дознајте кои се тие намирници и потрудете се почесто да ги вклучите во вашата исхрана.
Цвекло
Овај зеленчук е познат по бројните лековити својства кои ги поседува, но на прво место по тоа што содржи железо. Цвеклото содржи и бетаин, компонента која е од големо значење за добра дигестија, што е една од многуте задачи на црниот дроб. За да го обезбедите организмот со доволни количини на бетаин, најдобро е цвеклото да го јадете свежо.
Sunflower Lecitin – Лецитин од сончоглед
Лецитинот е најзастапен фосфолипид (комплексен вид на маст) во организмот, кој е од суштинско значење за нормална функција на срцето, мозокот и црниот дроб. Врши две важни функции: го минимизира ризикот од срцев удар и ги негува мозочните клетки. Покрај тоа, лецитинот од сончоглед го намалува нивото на штетниот холестерол и високиот крвен притисок, го детоксицира и одмастува црниот дроб. И не само тоа! Повеќе за полезностите на лецитинот од сончоглед и употребата прочитајте на веб страницата на Trimeks, од каде што може и да го порачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Trimeks на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Авокадо
Неодамна е откриено дека каротеноидите може да го заштитат црниот дроб од разни заболувања и да го намалат неговото замастување предизвикано од дебелина, дијабетес тип 2 и други сериозни заболувања. Иако, авокадото содржи мали количини каротеноиди, докажано е дека ја подобрува нивната апсорпцијата од 2-6 пати. Затоа, авокадото треба да се комбинира со други намирници кои содржат големи количини на каротеноиди како што се доматите, морковите, тиквите и сл.
Лимон
Лимоненот, компонента која е пронајдена во лимонот може да го поттикни телото да произведува повеќе глутатионин. Глутатионинот е нутриент кој ја потпомага детоксикацијата на црниот дроб и ги неутрализира токсините. За да ги искористите придобивките од лимонот во полза на детоксикација на црниот дроб:
- додајте свежо цеден лимонов сок во вода
- користете го наместо киселина и зачинете ја вашата салата
- нарендајте малку кора од лимон во чорбите и супите.
Следете ги нашите совети и подобрете ја функцијата на црниот дроб, а со тоа и севкупното здравје!
Ви предлагаме да прочитате: 7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин.
*Комерцијален текст