знаци преку кои телото ви укажува на недостаток на вода 1

10 знаци кои укажуваат на недостаток на вода

Загрижувачки е фактот дека 25% од децата и тинејџерите имаат недостаток на вода во текот на денот. Тие најчесто ја заменуваат водата со овошни или газирани сокови или некои други засладени пијалаци. Освен децата, и возрасните често пати се соочуваат со недостаток на вода, кој е поизразен во топлите денови. Дехидрирањето е важен проблем за здравјето, па искрено препорачуваме да издвоите неколку минути од своето време и да го прочитате текстов до крај.

Некои неодамнешни студии покажаа дека дури и на тинејџерите им се потребни околу 2 до 2,5 литри вода на ден. А ако не обожаваат да јадат овошје и зеленчук, тогаш тие треба да пијат многу вода. Дали знаете дека, процентуално гледано околу 80% од телото припаѓаат на водата? – Па сепак, многу луѓе не ја сфаќаат сериозно потребата за пиење вода и консумираат кафе, сок или енергетски пијалаци. Проблемите стануваат уште посериозни кај возрасните. Една студија открила дека доколку не пиете доволно вода на дневно ниво, вашето тело сигурно ќе ви сигнализира. Еве дел од симптомите кои укажуваат на тоа дека сте дехидрирани.

знаци преку кои телото ви укажува на недостаток на вода 2

Суви очи, усни и кожа

Доколку сакате да знаете дали имате недостаток од вода, погледнете ја вашата кожа. Да се биде хронично дехидриран значи дека телото не може да се ослободи од токсините, па како резултат на тоа се појавуваат акни и митесери на кожата. Исто така, може а се појават проблеми со очите. Па, доколку имате сува кожа, очи и усни, можеби е време да консумирате повеќе вода.

Може да ве интересира: 9 совети за нега на сува кожа.

Намалена потреба за мокрење и темна урина

Доколку не уринирате доволно често и урината ви е темна, тогаш дефинитивно треба да пиете повеќе вода. Водата помага во елиминирањето на токсините и во зачувувањето на уринарниот систем во здрава состојба.

Може да ве интересира: Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

Болки во грбот и зглобовите

Телото е составено од речиси 80% вода, а таа зема учество во зачувувањето на здравјето на коските и зглобовите. Водата ги заштитува коските и зглобовите за време на некои напорни активности или некои неочекувани покрети, како кога вежбате или при пад. Болката во грбот може да значи дека бубрезите не работат правилно. Некои студии покажаа дека доколку на телото во подолг период му недостига вода, тоа може да доведе до трајни оштетувања на бубрезите. Дехидрацијата предизвикува таложење на маса протеини наречени миоглобини во бубрезите, што може да доведе до создавање на камен на бубрег или уринарни инфекции.

Ви препорачуваме да прочитате и: 10 совети за намалување на болките во долниот дел на грбот.

Умор и промени во расположение

Водата го задржува кислородот во телото, па колку повеќе пиете вода, толку посвежи и поодморени ќе се чувствувате. Аналогно на тоа, колку помалку пиете вода, толку поизморени и понерасположени ќе се чувствувате. Ако пиете доволно вода, практикувате здрав живот, редовно вежбате, се храните здраво, но доброто расположение не ви е јака страна, тогаш внимателно прочитајте го подолниот совет.

Совет плус:

Постигнувањето на баланс во организмот не е едноставен процес. А за да може да ни го даде и овозможи најдоброто, ние треба да „соработуваме“ со него, да ги „слушаме“ неговите потреби, да го храниме и негуваме. Еден од начините да го негуваме организмот е да внимаваме што и како внесуваме, кои намирници му користат, а кои му штетат, како и што е тоа што го поддржува и чува неговото здравје. Токму затоа, ве запознаваме со важноста за внесување на триптофан како дел од исхраната и користа за телото од истиот.

 L-Tryptophan е една од деветте аминокиселини кои нашето тело не може да ги произведува, па оттука е позната и како есенцијална аминокиселина. Тоа значи дека, за организмот да може да ја користи, мора да се внесе од надвор или преку исхраната. L-Tryptophan е значајна аминокиселина за телото да може да го создаде хормонот на „среќата“ – серотонин, кој помага за зачувување на мирот и постигнување на опуштеност. Едно истражување вели дека земањето на триптофан во форма на 5-HTP како суплемент има мал удел во третирање на депресијата, додека се смета дека земањето на L-Tryptophan како суплемент има поизразено влијание. Освен ова, истражувањето покажало дека зголеменото ниво на серотонин, ефективно влијае врз намалување на предменструалниот синдром и неговите симптоми.

Бидејќи често пати не може да се задоволат потребите на организмот само преку храната, ви препорачуваме да ги посетите поголемите аптеки или онлајн продавницата на Тримекс и да побарате L-Tryptophan. Ако сакате да го земете суплементот препорачуваме да се консултирате со својот лекар. А, за дополнителни информации и консултации во врска со неговите својства, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Чувство на глад, дури и после оброк

Доколку имате недостаток на вода, може да имате лажно чувство дека сте гладни, а всушност да ви е потребно само 1 чаша вода. Па, наредниот пат кога ќе почувствувате глад, пробајте да се напиете вода пред да јадете. Особено ако претходно сте јаделе нешто, тогаш сигурно сте само дехидрирани.

Висок крвен притисок

Кога не пиете доволно вода, крвта станува погуста, со што нејзиниот проток се забавува и се задржува натриум. Дехидрацијата во комбинација со храна која изобилува со натриум и седечки начин на живот, може да доведе до покачен крвен притисок.

Проблеми со дигестијата на храната

Водата помага при исфрлањето на токсините од телото, па доколку имате недостаток на вода, може да страдате од повеќе дигестивни проблеми. Меѓу нив најчести се запек и болки во стомакот.

Осип на кожата

Водата и помага на кожата да биде хидрирана и влажна. Без доволно вода, кожата може да стане сува, перутава и црвена. Тогаш на неа се таложат токсини, па може да се појават акни, псоријаза, егзема или некои други кожни заболувања.

Може да ве интересира: Сакате здрава кожа без егзема на рацете? – Преземете мерки!

Главоболки и вртоглавици

Кога сте дехидрирани, мозочното ткиво губи вода, па испраќа сигнали до рецепторите за болка околу мозокот. Како резултат на тоа доаѓа до блага главоболка или мигрена. Кога на вашето тело му недостасува вода, протокот на крв се забавува, што значи помалку кислород во вашиот мозок.

За вртоглавиците исто така можеме да препорачаме суплемент кој помага, а повеќе детали за истиот може да прочитате на следниот линк: Д-р Нела советува: Ginkgo Biloba ја подобрува енергијата, расположението и меморијата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: