9 совети за нега на сува кожа 1

9 совети за нега на сува кожа

Многу луѓе имаат проблем со сува кожа. Тоа е состојба во која кожата не е во можност да ја задржи влагата или пак, произведува пониско ниво на себум. Причините за настанувањето на овој проблем може да бидат вродени, но и да се појават како резултат на некои надворешни влијанија.

Сувата кожа може да биде особено проблематична во зима, но нејзината состојба може да се влоши и при претерана консумација на некои лекови, изложеност на загадување и сонце. Бидејќи, оваа состојба е мошне непријатна, ви претставуваме неколку одлични совети за нега на кожата со кои таа ќе стане мека, сјајна и хидрирана.

9 совети за нега на сува кожа 2

Посветете внимание на должината и температурата на водата при туширање

За да се ослободите од овој непријатен проблем, обидете се да го скратите времето кое ви е потребно за туширање. Исто така, избегнувајте да се туширате со прежешка вода, бидејќи премногу топлата вода може да ги исуши природните масла на кожата, па таа ќе стане сува и безживотна. Се препорачува, да се користат нежни и неагресивни сапуни, со цел да се намали ризикот од измивање на природните масла на кожата.

Грижете се за вашата кожа после туширањето

Доколку имате проблем со сува кожа, после туширање не се бришете со крпа, туку едноставно оставете ја вашата кожа природно да се исуши. На тој начин таа ќе стане мека и еластична, а ќе се намали и ризикот од нејзина иритација. Веднаш штом излезете од бањата, погрижете се да ја хидрирате кожата со лосион или млеко за тело. Можеби овие производи нема да ви обезбедат дополнителна влажност на кожата, но ќе и помогнат да ја задржи веќе присутната влага. Затоа, најдобар момент за нанесување лосион е веднаш после туширањето.

Консумирајте капсули кои содржат Omega-3 

За да ја негувате кожата темелно, неопходно е и да се храните здраво и избалансирано, но и да внесувате одредени додатоци во исхраната. Некои истражувања докажале дека рибините масла, може значително да помогнат во смирувањето на сувата кожа. Таа негова моќ се должи на омега-3 масните киселини со кои ова масло изобилува. Освен тоа, од Д-р Нела и нашите пријатели Trimeks дознавме дополнителни корисни информации. Тие ни потврдија дека повеќе научни истражувања покажуваат дека консумирањето омега-3 масни киселини го намалува ризикот од коронарно срцево заболување. А ние, знаејќи дека концентратот од природно рибино масло на NOW Foods е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот и е тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи), со задоволство ви препорачуваме да си го набавите пакувањето капсули со Omega-3 од Trimeks.

„Повеќе информации за Omega-3 прочитајте на страницата на Trimeksод каде што може и да го набавите. Исто така може лесно да се најдат низ аптеките во Македонија. Секако доколку читателите имаат потреба од дополнителни информации за користењето на овој суплемент, може слободно да ме контактираат преку вашиот меил info@sezahrana.mk или пак да се јават на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000“ – вели Д-р Нела.

Негувајте ги рацете и стапалата

Користете ракавици и чорапи во зимската сезона за да ја заштитете кожата на рацете и нозете од дополнително сушење и пукање. Исто така, користете хидратантни кремови специјално дизајнирани за нега на раце и стапала.

Не заборавајте да ги негувате и вашите усни

Усните се особено склони кон пукање, па покрај редовната употреба на балсам, практикувајте и пилинг за нивно негување. И домашниот пилинг е добар за таа намена, па може да си направите домашен пилинг за усни од кафе и тиква. Исто така, бидете сигурни дека ги заштитувате вашите усни од прав, загадување и ветрови, бидејќи тие се најчестите причини поради кои тие пукаат и крвават.

Правете и ексфолијација на кожата

Правете и редовно прочистување на вашата кожа од мртвите клетки и нечистотии. Можете да започнете со два пати во седмицата, а потоа да намалите на еднаш седмично. Но, бидете сигурни дека секогаш користите производи кои се наменете за нега на сува кожа. Може да си направите и домашен пилинг од кафе против целулит и сува кожа.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 третмани кои се природен лек за сува кожа.

Не користете производи против стареење на кожата

Може да се каже дека производите против стареење се забранети за употреба кај лицата кои имаат сува кожа. Но, доколку сепак се одлучите да користите некој таков производ, обидете се истиот да не содржи ретиноид или AHAs, бидејќи се смета дека овие состојки ја иритираат сувата кожа.

Користете заштитен крем за сончање

Бидејќи, сувата кожа е и онака склона кон брчки и стареење, сонцето може да предизвика дополнителна штета. Затоа, неопходно е да ја заштитите кожата од сонцето и од штетните UV зраци, доколку сакате вашата кожа да изгледа младо и негувано. Исто така, многу е важно да го знаете вистинскиот SPF фактор кој ќе биде соодветен за вашиот тип на кожа. За таа цел, секогаш може да се консултирате со дерматолог кој ќе ви даде соодветни препораки.

Посетете дерматолог

Доколку се обидовте со сѐ што беше погоре наведено, а сѐ уште имате исклучително сува кожа, посетете доктор, бидејќи можеби имате егзема или некој друг проблем за кој тој ќе може да ви препише соодветен лек.

Ви препорачуваме да прочитате: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

Сподели: