слаткарски совети торти колачи

10 слаткарски совети кои мора да ги знаете

Не обожавате да правите колачи и торти затоа што ретко може да го добиете посакуваниот резултат? Сега тоа е минато! Еве 10 слаткарски совети кои ќе ви ја олеснат работата во кујната, ќе ви заштедат време и ќе ги подобрат вашите кулинарски вештини. 

5 слаткарски совети кои ќе ви ја олеснат работата во кујната

  1. Ако во состојките на рецептот кој сакате да го правите има прашок за печиво, какао или нишесте, најдобро е овие состојки да ги измешате со брашното, а потоа да ги просејте. На тој начин, прашокот за печиво, скробот и какаото рамномерно ќе се распоредат во брашното, односно во тестото на десертот, па ќе го добиете посакуваниот резултат.
  2. Ако сте заборавиле да купите прашок за печиво, во тестото за колачите може да додадете сода бикарбона. Но, никогаш немојте да ги ставете заедно, затоа што колачот ќе има непријатен вкус. Освен тоа, ако не сте знаеле, од прашокот за печиво, колачите растат во висина, а од сода бикарбоната се шират. Па, водете сметка за тоа кога ќе ги редите во тавата за печење.
  3. Бадемите и лешниците кои се користат во десертите, најчесто се излупени. Не излупените бадеми кратко ставете ги во врела вода, исцедете ги, измијте ги со ладна вода, а потоа извадете ги лушпите и оставете ги да се исушат. Исто така, многу лесно може да ја отстранете лушпата на лешниците со овој трик.
  4. Кога правите торта која треба да се излади и стегне во калап, најдобро е калапот претходно да го обложите со тенки ќеси за во замрзнувач.
  5. За да добиете пенесто изматен путер, пред матењето посипете го со малку брашно. Ако путерот или маргаринот се премногу тврди за матење, можете кратко да ги омекнете во микробрановата печка или едноставно изрендајте ги на крупната страна на рендето.
слаткарски совети

5 слаткарски совети кои ќе ви бидат од голема корист штом правите колачи

  1. Кога правите суви колачи и бисквити, најдобро е тестото да го поделите на неколку делови. Со секое премесување и набрашнување, ќе добиете покршливи и посуви колачи. Исто така, калапот со кој ги сечете колачите, повремено набрашнувајте го за да добите совршени форми.
  2. Ако тестото ви се лепи, завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да стои во фрижидер за време од половина час. На овај начин ќе се стегнат мастите кои сте ги додале во тестото.
  3. Пред да го исучите тестото, секогаш исчистете ја работната површина од остатоците и наросете малку брашно. Сукалото, исто така набрашнете го. А додека ја сучите кората, немојте да притискате премногу.
  4. Кога правите мали колачи, потрудете се сите состојки да бидат на иста температура. Млекото, јајцата, путерот и слично, извадете ги од фрижидерот половина час, пред да започнете со припрема.
  5. По печењето, колачите најлесно ќе ги декорирате ако ги поставите врз решетка. Под решетката ставете хартија за печење, така што глазурата дел од глазурата би паднала врз неа, а не во чинијата за сервирање. Штом глазурата се стегне, колачите сервирајте ги во чинија.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите совршен пандишпан за торта.

Сподели: