15 совети за готвење на различни јадења

17 корисни совети за готвење на различни јадења

Кујната може да биде омилен простор ако ги знаеме нејзините основни правила на функционирање. Специјално за вас, искусни и неискусни наши домаќинки и домаќини, ви припремивме листа на многу корисни совети за готвење. Можеби дел од нив ви се познати, но сигурни сме дека она што ќе го прочитате како новост и тоа како ќе биде корисно за ваша радост во кујната!

15 совети за готвење на различни јадења

Листа на корисни совети во кујна е следната:

  1. Ако супата или некое друго течно јадење има премногу маснотии, тоа може да се реши со коцка мраз. Ставете ја во супата и маснотијата ќе се „собери“ околу неа, па лесно ќе може да ја отстраните.
  2. При динстање на риба додајте малку млеко. На овој начин месото од рибата ќе има бела боја, а ќе се ослободите и од непријатниот мирис кој се шири за време на динстањето.
  3. Рибата најлесно ќе ја исчистите ако ја намачкате со сол, а исто така ако ја ставите половина минута во вода која врие, па крлушките ќе ги отстраните без проблем.
  4. Рибата може да остане свежа и до неколку дена ако ја посолите со крупна сол и ја ставите завитката во сува крпа во фрижидер.
  5. Белките можат да се оддвојат многу лесно од жолчките така што можете да го скршите јајцето врз цедалка за течност. Белката ќе пројде лесно, а жолчката ќе се задржи.
  6. За брзо и лесно постигнување на „снег“ од белки додајте неколку капки лимон.
  7. Пред да почнете да ги чукате шницлите, кујнскиот чекан најпрво наводенете го.
  8. Шницлите ќе бидат меки ако 6-10 часа пред печењето ги чувате во маринада. Маринадата направете ја од: 1 лажица масло, 1 јајце, малку сол и црн пипер и претходно да се добро исчукани, па ставете ги во маринадата.
  9. За да го избегните непријатниот мирис при варење на зелка, тенџерето прекријте го со чиста крпа натопена со киселина.
  10. Карфиолот нема да шири непријатен мирис при готвењето, односно варењето ако во водата ставите ловоров лист, а за да остане бел во водата додајте малку млеко и сок од лимон.
  11. Кромидот ќе  го исчистите најлесно ако го натопите со топла вода, а за да не ги иритирате очите користете влажен нож и мокра даска за сечење.
  12. Ако го пресолите јадењето послужете се со следните трикови. На врвот од ножот додајте сода бикарбона, тоа ќе го неутрализира вкусот. Ако е чорба, во чорбата додајте поголеми излупени и сечени парчиња компир. Ако станува збор за месо наводенете чиста кујнска крпа, исцедете ја и ставете врз неа малку сол, па завиткајте го месото. По половина час на него ќе се образуваат кристали кои лесно ќе ги отстраните.
  13. За да не се суши месото кое го печите, одозгора врз тавата/пекачот ставете чинија, фолија, а под тавата ставете чинија со вода.
  14. Ако тестото за палачинки ви се лепи за тавата во смесата додајте чаша пиво или „снег“ од белки со малку сок од лимон. Така палачинките ќе бидат одлични.
  15. Прашокот за печиво можете да го замените со сода бикарбона.
  16. Компирот во мусаката ќе биде посочен, ако откако сте го излупиле и исекле на кругови, го оставите преку ноќ да стои во фрижидерот потопен во млеко. Истото млеко подоцна можете да го додадете во мусаката заедно со изматени јајца и да го искористите како прелив за мусака.
  17. Ако при пржењето маслото ве прска додајте малку сол во садот и ќе престане.

Сподели: