2 домашни мешавини на зачини за суви колачи и бисквити 1

2 домашни мешавини на зачини за суви колачи и бисквити

Кај нас најчесто како зачини за колачи се користат циметот и каранфилчето, но има уште многу други зачини кои може да се искористат за таа намена и на секое колаче да му дадат посебна арома и вкус. Ви претставуваме две мешавини на зачини за суви колачи и бисквити кои ќе ве претворат во вистински мајстор во кујната и ќе направат за вашите колачи со сигурност надалеку да се зборува.

Основа на овие зачини претставува циметот и истите треба да се користат во помала количина од онаа која вообичаено го додавате циметот, бидејќи нивниот вкус е малку појак од обично. Овие мешавини може да ги користите не само кога припремате бисквити или чајни колачиња, туку и секогаш кога сакате да го збогатите вкусот на пудинзите од ванила или пак филовите за торта.

2 домашни мешавини на зачини за суви колачи и бисквити 2

Едноставна мешавина од зачини за колачиња

Состојки:

  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици цимет
  • 4 лажици сув мелен ѓумбир
  • 1 лажица мелено мускатно оревче
  • ½ лажица мелено каранфилче
  • ½ лажица мелен кардамон.

Начин на подготовка и чување:

Сите состојки промешајте ги и чувајте ги во една добро затворена чиста тегличка. Наместо кардамон може да додадете и мелена кора од лимон или портокал или пак 2 лажици од пржени мелени бадеми.

Мешавина од зачини за суви колачи и бисквити

Состојки:

  • 4 лажици цимет
  • 1 лажица каранфилче
  • 1/3 лажица мелен ѓумбир
  • прстофат мелен црн пипер
  • прстофат мелен кардамон
  • прстофат мелени семки коријандер
  • прстофат мелени семки анасон
  • малку нарендано мускатно оревче.

Начин на подготовка и чување:

Сите зачини добро промешајте ги во еден подлабок сад, па претурете ги во чиста и сува тегличка која добро ќе ја затворите.

Ви препорачуваме да прочитате:  6 зачини за подобро здравје и повкусни јадења.

Сподели: