зачини за подобро здравје

6 зачини за подобро здравје и повкусни јадења

Додавањето на зачини во здравите оброци може да го забрза и поттикне согорувањето на калориите, а со тоа ќе бидете чекор поблиску до посакуваната фигура. Малата количина на цимет или пипер ќе го подобри вкусот на јадењето, а освен тоа може да ви биде сојузник во борбата со вишокот на килограми. Иако се многу здрави, сепак не треба да се претерува со премногу зачинетите јадења. Во продолжение прочитајте кои 6 зачини за подобро здравје ги препорачуваат нутриционистите.

Цимет

Докажано е дека циметот го намалува нивото на шеќер во крвта и го поттикнува метаболизмот. Една мала лажичка цимет може да додадете во интегрален ориз или рендано јаболко, па така да направите здрав десерт. Покрај тоа, циметот може да се додава и во чај.

зачини за подобро здравје

Ѓумбир

Свежиот ѓумбир го чува вашето здравје, го подобрува варењето на храната и помага при излачување на токсините од телото. Ѓумбирот може да го изрендате во салата или да го комбинирате со маслиново масло и да зачините некоја свежа намирница. Ако не сте пробале чај од ѓумбир, време да си направите затоа што позитивно влијае на севкупното здравје.

Црн пипер

Ако сакате да ги стопите масните наслаги на стомакот, додајте црн пипер во секојдневната исхрана. Црниот пипер го забрзува метаболизмот за 8%, а ефектот трае неколку часа по консумацијата. Свежо мелениот црн пипер има најдобар ефект на метаболизмот, затоа што ги содржи сите корисни состојки.

Сенф

Ви звучи чудно? Сенфот може да ви помогне за согорување на калориите. Доволно ви е само една мала лажичка на ден. За ручек може да приготвите здрав оброк, така што ќе испечете пилешко месо на скара, а потоа премачкајте го со малку сенф. Ќе бидете задоволни со убавиот вкус.

Морско оревче

Овој зачин е добар за ублажување на стомачните проблеми, а познати се и неговите антибактериски својства. Одличен е извор на растителни влакна и помага за намалување на мозолчињата кога директно се нанесе врз кожата.

Ким

Овој зачин ја поттикнува работата на желудникот, го подобрува варењето на храната, ги ублажува грчевите и го елиминира непријатниот здив. Кимот ја стимулира работата на бубрезите, го намалува кашлањето, а е добра помош против настинка и грип.

Ви предлагаме да прочитате: 6 зачини кои помагаат во превенција од карцином.

Сподели: