Наместо да се чувствувате непријатно од видливите промени на местото и болната модрица која ви се јавила после повреда, има нешто што може да направите за да ја излекувате и што побрзо да ја отстранете од телото. Подолу информирајте се што е тоа што помага.
За жал понекогаш се случува да се повредиме и на повреденото место покрај болката која ја чувствувате останува трага, која подоцна посинува и буди непријатни чувства кај оној кој се повредил. Бидејќи ваквите модрици остануваат видливи подолго време, а посебно е проблем доколку се на видливо место и не ви е пријатно другите од околината да ве гледаат со нив, ви предлагаме да посегнете по совет или трик од народната медицина која ќе ве потсети за нејзината способност и моќ за ефикасно и брзо отстранување на лошите модрици.

Облога од зелка против модрици
Најефикасна и најделотворна облога се прави од лист од зелка. За да можете да ја искористите оваа метода, потребни ви се само неколку листови зелка кои е неопходно претходно да ги исчукате со кујнски дрвен чекан, додека се појави сок од нив. Потоа, поставете ги листовите заедно со сокот на повреденото место и модрицата обвиткајте ја со чиста газа. Фиксирајте со помош на завој и оставете го да делува преку ноќта.
Облога од лук и сол против модрици
Ова е уште еден природен и ефикасен начин кој овозможува брзо оздравување на кожата. Во состав на оваа облога е чудотворниот лук, а во овој случај потребна ви е средно голема главица лук, која прво треба да ја исчистите и потоа ситно да ја изрендате. Во иситнетиот лук додајте лажица сол. Готовата смеса ставете ја во ткаенина или газа во неколку слоја и со помош на завој фиксирајте го повреденото место. Облогата од лук и сол држете ја 30-60 минути. Постапката повторувајте ја најмалку 3 пати дневно, а при тоа внимавајте секој пат облогата да биде пресно припремена.
Со лук можете да отстраните и брадавица и тоа потполно природно, а за да прочитате кликнете тука.