Отстранувањето на брадавица може да биде полесно и побезболно од што воопшто сте помислиле досега. Со помош на чешне лук, ќе постигнете вистинско чудо и лековит ефект со малку труд! Само одреден број луѓе знаат колку здрава намирница е лукот и од колку голема корист може да биде за нашето здравје, а тој тренд се повеќе се менува со учењето и споделувањето на информации за неговата корист.
Лукот може да се користи за лечење на кандида, намалување на крвниот притисок, одличен е против настинка, а денес ние споделуваме со вас како да го искористите лукот за да ги отстраните брадавиците на без да чувствувате болка. Малите иритантни брадавици кои во главно се создаваат на прстите и дланките можат да бидат значаен проблем, посебно кога станува збор за деца. Со помош на чудотворниот лук, можете да ги отстраните на потполно безболен и безбеден начин. За брадавиците постои мислење дека се создаваат без никаква причина, а препаратите кои обично се користат за нивно отстранување, содржат многу хемикалии кои се штетни за кожата. Спротивно на тоа, ви нудиме природно решение.

Природен и ефективен третман на брадавицa
Постапка:
- За почеток, внимателно и убаво измијте ги рацете со антибактериски сапун, а доколку на рацете имате исекотини или гребаници покријте ги со фластер, бидејќи вирусните брадавици се заразни.
- Исчистете едно чешне лук и пресечете го по должина.
- Со пресечената страна премачкајте ја брадавицата и потрудете се да истиснете што повеќе сок од лукот. Внимавајте да не зафаќате голема површина од здравата кожа.
- Брадавицата тријте ја 90 секунди.
- Потоа, исчистете ново чешне лук, пресечете го и поставете го директно на брадавицата. Замотајте го со завој (може и да го прицврстите со фластер пред тоа) и оставете го така да преноќи.
- Постапката повторувајте ја додека брадавицата испадне.