2 домашни третмани за коса против расцветени врвови

2 домашни третмани за коса против расцветени врвови

Косата ви е сува, а краевите расцветени? Сте пробале поголем дел од козметичките производи наменети за нега на косата, но не сте задоволни од резултатот? Во продолжение погледнете го нашиот избор на најдобрите домашни третмани против расцветени врвови.

Факт е дека од расцветените врвови на косата може да се ослободите само доколку посетите фризерски салон и ги скратите. Но, постојат и многу видови на маски за коса кои може да го спречат понатамошниот процес на оштетување на косата. Тие длабински го навлажнуваат и негуваат влакното, па со нивна помош ќе може да ја одложите посетата на фризер. Меѓу нив се и двата домашни третмани со рузмарин, јајце и масла кои можете да ги направите во својот дом.

расцветени врвови

Домашен третман за коса со јајце и рузмарин

Листовите од рузмарин со векови се користат како традиционален лек при проблеми со косата. Истражувањата покажале дека рузмаринот го стимулира растот на косата и ја регенерира. Чајот од рузмарин може да се користи како тоник за коса, а влијае против првут, го намалува опаѓањето, ја зајакнува и ѝ дава сјај. А комбинацијата со хранливите состојки од јајцето, дополнително ја хранат и хидрираат косата.

Состојки:

  • 28 г рузмарин
  • 1 јајце

Подготовка и начин на употреба:

  1. Најпрво подгответе го чајот од рузмарин така што рузмаринот ќе го потопите во врела вода.
  2. По 20 минути процедете го чајот и оставете го да се излади.
  3. Потоа, чајот од рузмарин помешајте го со 1 разматено јајце.
  4. Со оваа смеса масирајте ја целата коса, а особено внимание посветете на врвовите.
  5. На крај косата темелно исплакнете ја со топла вода.

Домашен третман за коса со мешавина од масла

Состојки:

  • рицинусово масло
  • масло од сладок корен
  • маслиново масло

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во стаклен сад помешајте еднакви делови од сите 3 видови на масло.
  2. Вака подготвената мешавина на масла нанесете ја преку целата должина на косата.
  3. Намрсената коса завиткајте ја во најлонска ќеса и покријте ја со крпа.
  4. Оставете ги маслата да делуваат околу 30 минути. Потоа измијте ја косата со шампон како и вообичаено.

До убавата коса ве делат само неколку минути. Негувајте се со домашна козметика, зачувајте ја природата и бидете убави!

Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами домашен топол третман за коса.

Сподели: