Направете сами домашен топол третман за коса 1

Направете сами домашен топол третман за коса

Она што го обожаваме во нашата работа е споделувањето на корисни и вредни информации за храната. И тоа, не само кога треба да ја јадеме и да ја чуваме внатрешната убавина и здравје, туку и кога може да ја користиме за надворешна нега. Нежноста може да ја зачуваме и самите. Во оваа прилика ви препорачуваме да го пробате едноставниот и домашен топол третман за коса.

Ќе уживате во мекоста и нежноста на косата, нејзиниот сјај ќе стане подобар. А, ако го повторувате третманот повеќе пати, резултатите ви се загарантирани.

Направете сами домашен топол третман за коса 2

Потребно:

Подготовка и начин на употреба:

  1. Земете чисто шише или друг сад кој добро се затвора.
  2. Во садот турете ги сусамовото масло и водата. Добро протресете ја смесата, додека маслото се разбие во ситни капки.
  3. Со течноста измасирајте ја косата, од коренот кон врвовите, па завиткајте ја во капа или употребете ќеса.
  4. Домашниот топол третман треба да стои на косата најмалку 15-20 минути, а потоа може да ја измиете со шампон и регенератор како и обично.

Зошто е корисно сусамовото масло за косата?

Одлично е како за јадење, така и за употреба во козметички цели. Поседува навлажнувачки својства и има употреба во производство на креми и сапуни. Неговиот состав е богат со многу витамини и минерали. Содржи калциум, железо, манган, цинк, магнезиум, селен и бакар. Претставува многу добар извор на витамините од Б-комплексот, како што се ниацинот, фолната киселина, тиаминот (витамин Б1), пиридоксинот (витамин Б6) и рибофлавинот. Вакво ладно цедено сусамово масло може да купите од Фила, во поголемите маркети, во продавниците за здрава храна или преку нивната веб продавница ако кликнете на линков.

Ви препорачуваме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

Сподели: