Велигденската слатка магија е насекаде околу нас! На детската радост ѝ нема крај со најдобрите и испробани велигденски десерти од кујната на Сѐ за храна. Празниците разубавете ги и направете слатко катче со брзи и едноставни рецепти.
Козињак со чоколаден крем
Да ја зачуваме нашата традиција! И оваа година домовите нека мирисаат на свежо печен козињак со неодолива арома на ванила и рум. Овој козињак е вистински микс на традиционалното печиво во облик на плетенка со модерен чоколаден вкус. Искористете го слободното време и направете нешто убаво за вас и вашите најблиски, затоа што ова е рецепт кој вреди да се проба! Богатиот вкус на чоколадо во комбинација со рум и ванила ќе ги задоволи и најпребирливите дегустатори. Покрај тоа, неговиот декоративен изглед го прави неодолив украс на секоја празнична трпеза.
Рецептот за козињак со чоколаден крем, прочитајте го тука.

А пред да започнете со подготвувањето, ви предлагаме да ги прочитате овие совети при подготовка на велигденски козињак (милиброд).
Велигденски чоколадни гнезда за 5 минути
Доволни ви се само 5 минути за подготовка на велигденските чоколадни гнезда кои се рецепт број 1 за овие празници. Поканете ги најмалите и забавувајте се додека ја подготвувате оваа слатка празнична приказна. Чоколадните гнезда се крцкави и вкусни, а дополнети со веселите јајца се празнично уживање кое ќе креира слатки спомени!
Состојки:
- 200 г Синтагма какао крем за торти (чоколадо за готвење)
- 2 лажици мед
- 120 г Милкос корнфлекс
- 120 г чоколадни весели јајца од Витаминка.
Подготовката прочитајте ја на линкот: Велигденски чоколадни гнезда за 5 минути.

Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила
Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. За да ви ја олесниме подготовката и да ви заштедиме време кое може да го поминете со семејството и пријателите, детално ви напишавме кои производи ги набавивме за подготовка. Кликнете на линкот и прочитајте како може да го направите овој десерт.

Автор на рецепти: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Автори на фотографии:
Ви препорачуваме да прочитате: Велигденски еклери со кремаст ванила фил.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.