3 предности на пиперките кои ги прават корисна храна за честа консумација 1

3 предности на пиперките кои ги прават корисна храна за честа консумација

За пиперките се врзани разни народни верувања. Во целиот свет важат за силен афродизијак, а посебно лутите пиперчиња. Факт е дека влијаат позитивно на крвотокот, па веројатно така и имаат способност да ја зголемуваат страста и расположението. Има повеќе предности на пиперките кои ќе ве уверат дека имаат право да бидат често на нашето мени, па препорачуваме да продолжите со читање.

На пиперките им се припишува чудесното дејство на раст на косата, а во народната медицина важат и како лек против ќелавост. А, еве кои 3 нивни предности ги издвоивме во оваа прилика.

3 предности на пиперките кои ги прават корисна храна за честа консумација 2

Корисни се за добар метаболизам и слабеење

Пиперките се прилично нискокалоричен зеленчук, а содржат материи кои позитивно влијаат на метаболизмот, варењето на храната и топењето на масните наслаги. Нивните состојки помагаат во регулирање на нивото на триглицериди и холестерол, што позитивно влијае на целокупното здравје, а и на губитокот на килограми. Тие не содржат масти, а благодарение на нивниот состав, го поттикнуваат организмот побрзо да ги согорува веќе наталожените и правилно да функционира.

Имаат антиоксидантни својства

Богати се витамини, а пред се со витаминот Ц. Пиперките ги штитат клетките од оштетувања. Нивните составни материи се силни борци против опасните слободни радикали, па редовната консумација на пиперки, може да го намали ризикот од развој на посериозни заболувања на клетките. Претставуваат добра превенција од рак и му помагаат на имуниот систем да зајакне.

Пиперките помагаат за намалување на болки

Ова својство посебно се припишува на лутите пиперчиња. Капсаицинот во нивниот состав придонесува за блокирање на преносот на болката во нервниот систем, па така има способност да ги ублажи непријатните тегоби при тешки неуралгии, херпес, постоперативни болки, реуматски тегоби и слично. Тоа е и причината, зошто повеќе препарати за болка содржат екстракт од лута пиперка.

Ви препорачуваме да прочитате: Бројни причини за повеќе да јадете црвени пиперки.

Сподели: