Д-р Нела Десптовска советува: Што се бета-глукани и зошто се важни во есен?

Д-р Нела Деспотовска советува: Што се бета-глукани и зошто се важни во есен?

Сигурно имаш слушнато дека растителните влакна се корисни за здравјето. Но, дали знаеш што се бета-глукани? Бета-глуканите припаѓаат во групата растворливи диетални влакна, односно полисахариди. Последните години бела-гуканите стануваат тренд во алтернативната медицина и многу доктори започнуваат да ги препорачуваат на пациентите при различни состојби како настинки, грип, респираторни инфекции, за зајакнување на имунитетот… На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ја прашавме зошто бета-глуканите се препорачуваат во есен.

Д-р Нела Десптовска советува: Што се бета-глукани и зошто се важни во есен?

Што се бета-глукани и кои се извори од храната?

Глуканите се видови на сложени шеќери односно полисахариди, чие природно место се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи и квасци, растенија (овес и јачмен), алги, лишаи. На нашите простори, благодарејќи на навиките за исхрана, тешко може да се внесат во телото како храна, поради што единствен начин да го снабдите организмот со овие моќни имуностимулатори е да го внесете преку додатоци во исхраната. Телото нема можност да ги создава бета-глуканите.

Кои се придобивките од бета-глуканите? Како влијаат на здравјето?

Во телото бета глуканот го промовира формирањето на коскената срцевина, а со тоа и производство на леукоцити и тромбоцити. Активира макрофаги – клетки кои ја стимулираат имунолошката активност.

Бета глуканот се користи и се препорачува при:

  • Зајакнување на имунитетот
  • Настинка и грип
  • Респираторни инфекции
  • Против висок холестерол
  • Дијабетес
  • Автоимуни заболувања
  • Вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекции
  • Карциноми
  • Изложености на разни видови на зрачење (хемотерапија)
  • При хроничен замор
  • Јакнење на имунитетот.

Студиите кај луѓето покажале корисни ефекти и продолжено преживување на пациенти со тумори. Голем број на студии исто така ги покажале неговите корисни ефекти кај лица изложени на зрачење. Испитани се ефектите за спречување на инфекции, кардиоваскуларни заболувања, атеросклероза, артритис, алергиски ринитис.

Со заладувањето, настинките и респираторните инфекции се почести, а имунитетот се намалува. Како да ги надминеме овие состојби и да останеме здрави и во ладните месеци? 

Бета глуканите се природни имуностимулатори. Го зајакнуваат и го подигнуваат имунитетот, и ја стимулираат антибактериската и антивирусната активност на организмот. Најчесто се употребуваат во случаи на различни инфективни болести – пред се инфекции на респираторниот тракт кои се предизвикани од габички, бактерии и вируси, како и кај различни алергии. Глуканите помагаат во ублажување на симптомите на настинка и грип и му помагаат на телото да се справи дури и со бактерии и вируси отпорни на антибиотици.

Бета глуканите се препорачува да се земаат превентивно, а со примената би требало да се започне неколку недели пред носење на детето во училиште. Земањето за време на траење на инфекцијата ќе го скрати времетраењето на болеста, а додека земањето после болеста ќе придонесе за побрзо закрепнување на исцрпениот организам.

Каде може да се набават бета-глуканите – NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan?

Бета-глуканите може да ги најдете во аптеките или да ги нарачате онлајн. Ги препорачуваме NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета-Глукан) кои ги овозможуват гореспоменатите придобивки, нудат поддршка на имунолошкиот систем, како и нормална активност на имунолошките клетки. Во пакувањето има 90 капсули, а сега имате можност да ги набавите со 50% попуст преку онлајн продавницата на Тримекс и сите подобро снабдените аптеки.

Препорака за употреба: Земете 1 капсула 1 до 2 пати дневно.

Д-р Нела Десптовска советува: Што се бета-глукани и зошто се важни во есен?

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: 7 препораки за силен имунитет на вашето дете.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: