природни напитоци за регулација на хормоните

3 природни напитоци за регулација на хормоните

Најчесто кога помислуваме на хормоните и проблеми со нивното здравје, прво нешто што ни паѓа на памет се хормонски таблети за нивна регулација. Но, за среќа постојат ефикасни природни средства кои помагаат во воспоставувањето на нивната рамнотежа. Во продолжение прочитајте како да направите 3 природни напитоци за регулација на хормоните.

Проблемите со хормоните во последно време се мошне актуелни и ги засегаат сè повеќе млади лица. Лековите за регулација се скапи, а тука се и честите консултации со гинеколози и ендокринолози. А природата секогаш дава природни решенија за секој проблем, па пред да се решите за терапија со таблети, секогаш може да се обидете со некој од нив.

природни напитоци за регулација на хормоните

Топла вода со лимон

Пиењето на топла вода со лимон придонесува за намалување на вишокот телесна тежина, ги отстранува токсините од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето на храната.  А тоа е така, затоа што лимонот влијае на хормонот лептин. Доколку овој хормон не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Рецептот за подготовка на овој напиток е мошне едноставен. Само исцедете го сокот од половина лимон во чаша топла вода и вака подготвениот напиток испијте го веднаш.

Чај од лисја од малини

Лисјата од малини се одамна познати по тоа што ги зајакнуваат мускулите на матката. Некои научни истражувања потврдиле дека ова растение благопријатно влијае на работата на хормоните. Се верува дека жените кои го пиеле овој чај за време на бременоста немале потешкотии за време на породувањето. Подготовката на овој чај е исто така едноставна. Само прелијте една супена лажица со лисја од малина (може да се користат и суви лисја) со 200 мл превриена вода и оставете го да стои 10 минути, па чајот процедете го.

Напомена: Овој чај не го пијте пред спиење, туку во текот на денот.

Златно млеко

Златното млеко го подобрува имунитетот и ја подобрува рамнотежата на хормоните во организмот. Овој напиток загрева, освежува и смирува. Повеќе околу подготовката и употребата на златното млеко може да прочитате тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана и зачеток: 8 намирници за подобра плодност.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: