намирници за подобра плодност 1

Исхрана и зачеток: 8 намирници за подобра плодност

Постојат повеќе причини кои го отежнуваат забременувањето. Исхраната е нешто на кое може да влијаеме и избор со кој лично ние може да придонесеме за подобра плодност. Прочитајте кои намирници и суплементи се препорачуваат доколку планирате проширување на семејството.

Во денешните услови и начин на живот, поголемиот број луѓе се одлучуваат да имаат потомство релативно покасно спрема во минатото. Тоа е еден проблемите што можноста за зачнување е доста намалена. Но, освен тоа, сите ние сме изложени и на последиците од „развиениот свет“.  Нивното влијание е неизбежно. Штетните слободни радикали влијаат на оштетувањето на јајните клетки и спермата.  А освен тоа, во голема мера сме изложени на хемикалии кои влијаат на хормоните. И кога на сето тоа ќе го додадеме стресот, нивото на негативните ефекти кои го зафаќаат нашето тело, секако дека влијае и на плодноста.

намирници за подобра плодност 3

Истражувањата покажуваат дека здравите и квалитетни јајце клетки и сперма влијаат во голема мера. Првично на плодот, а потоа на здравјето на бебето и детето во повозрасните години. Постојат истражувања кои велат дека генетиката на 2-3 генерации на назад е поврзана и значајна за животот на единката. Па, штом исхраната е нешто што може да направиме, еве ја листата.

Цвекло

Овој извонреден антиоксиданс помага во борбата против неплодноста која е поврзана со бројот на години на лицата. Цвеклото е богато и со нитрати кои позитивно влијаат на целокупниот крвоток. На тој начин, придонесува за подобра циркулација на крвта во клетките на матката со што помага во имплантацијата на ембрионот во нејзиниот ѕид.

Јајца

Јајцата претставуваат една од најхранливите намирници. Богати се со холин, кој има позитивни  ефекти за развој на фетусот, а и за подоцнежниот развој на детето. Тие се богат извор на протеини, витамини,  минерали и корисни масти.

Авокадо

Има изобилство на минерали, витамини, здрави масти и протеини, јаглени хидрати и растителни влакна. Претставува одличен извор на витамин Е, кој според науката е благотворен за ендометриумот и помага за имплантација на ембрионот. Освен тоа, претставува богат извор на фолати, што значи е важна и корисна намирница која позитивно влијае на плодноста, а и на бременоста.

Лосос

Лососот е добар извор на протеини. Богат е со многу корисни масни киселини, а посебно Омега-3 масните киселини , кои имаат антивоспалително дејство во организмот. Според некои истражувања, оптималниот внес на Омега-3 масните киселини е важен за регулирање на неплодноста кај жените. Освен тоа, корисен е за здравјето на кардиоваскуларниот систем, мозокот и очите.

Ореви

Оревите се богати со хранливи материи кои се клучни во борба против канцерот, а посебно против рак на дојка и простата. Позитивно влијаат на квалитетот на спермата и се добар извор на омега-3 масни киселини, витамин Е, Б витамините и протеини.

Може да ве интересира: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

Киноа

Киноата е извор на чисти протеини и има висока хранливост. Не содржи глутен и е богата со многу витамини, минерали и растителни влакна, па е одлична замена за кус кус и пченица.

Калинка

Калинката е богата со многу хранливи состојки вклучувајќи го витаминот Ц, витаминот К и фолната киселина. Познато е дека фолатите се потребни за зачнување и во бременоста. Витамините пак, влијаат за побавно стареење, делуваат антиканцерогено, позитивно на кардиоваскуларниот систем и коските. Калинката е плод со антивоспалително дејство, а во древна Персија била симбол на плодноста.

Аспарагус

Тој е одличен антиоксиданс, богат со витамин Ц и богат извор на фолна киселина, покрај другите состојки.  Ова го напоменуваме со акцент на важност, затоа што значењето на фолната киселина е голема, како за плодноста на жените, така и за плодноста на мажите.

Што друго може да се направи?

Освен на исхраната, трудете се да работите и на стресот, а корисно е да земате и квалитетен додаток за исхраната. Имајќи предвид дека има разлики помеѓу производителите, се заинтересиравме да дознаеме како да избереме квалитетен производ. Ја замоливме Д-р Нела Деспотовска да нѐ информира, па ви го препорачуваме Methyl Folate od Now Foods. Тој е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот, како што се нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate докажано навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Quatrefolic® е патентирана форма на Methyl Folate со докажана супериорна биорасположивост во споредба со фолната киселина од прехрнбените извори. Подетални информации може да прочитате тука.

Ако сакате да го набавите Methyl Folate посетете ги поголемите и добро снабдените аптеки или нарачајте го преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

намирници за подобра плодност 2

Предупредување: Само за возрасни. Стари лица и лица со слаба апсорпцијата на витамин Б-12, треба да се консултираат обавезно со својот лекар. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Ви препорачуваме да прочитате: Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: