3 природни начини за отстранување на целулит

Ова лето сакате мазна кожа без целулит? – Со помош на природните начини не мора да фрлате пари на скапи кремови. Природата е тука за вас! Направете миризливи перничиња, маска или масажа за домашно отстранување на целулит на лесен и пријатен начин.

Благодарение на силните природни состојки овие начини се делотворни во намалување и отстранување на тврдокорниот целулит. Заедно може да послужат и како помош при излачување на токсините и вишокот на течности од организмот.

отстранување на целулит 2

Миризливи перничиња за супер брзо отстранување на целулит

Силните природни состојки на оваа мешавина од билки и масла осигуруваат брза детоксикација и помош во отстранувањето на поголемиот дел од целулитот.

Состојки:

  • 1 мала лажичка цветови од лаванда
  • 1 мала лажичка рузмарин
  • 1 мала лажичка цимет
  • 40 мл бадемово масло
  • стерилна газа или памучна ткаенина.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во стерилната газа ставете ги лавандата, рузмаринот и циметот. Затворете ја како перниче.
  2. Бадемовото масло загрејте го на пареа, но да не зоврие.
  3. Перничето натопете го во маслото и оставете го 5 минути да постои да се впие маслото, па нежно исцедете го.
  4. Проблематичните делови масирајте ги 5 минути со нежни и силни движења. После тоа не го мијте маслото, туку оставете да се впие во кожата.
  5. Овој третман користете го 3 пати неделно во период од 3 недели.

Маска за тело со спирулина и бадемово масло

Оваа маска ќе ги отстрани токсините насобрани под кожата и ќе ја направи мазна. Природните состојки во маслото од бадем ќе ви помогнат кожата да биде помека, понежна и поеластична.

Состојки:

Совет плус: Ако не можете да најдете спирулина во прав, снајдете се така што ќе истолчите од таблетите Hawaiian Spirulina.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Измешајте ги двете состојки додека да се соединат. Треба да добиете мазна, хомогена смеса.
  2. Маската нанесете ја на деловите со целулит и масирајте со втривање околу 5 минути. Оставете да делува уште 20 минути.
  3. Исплакнете со топла вода.
  4. Овој третман може да го правите еднаш до 2 пати неделно.

За отстранување на целулитот со маската користете Hawaiian Spirulina во прав која содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки во својата изворна форма, без додатоци. Hawaiian Spirulina обезбедува широка низа на фитонутриенти (антиоксиданти). Содржи повеќе од 60% лесно сварлив протеин составен од сите 8 есенцијални аминокиселини. Hawaiian Spirulina е богата со витамини од Б групата, особено Б12 и Б3. Покрај тоа, Hawaiian Spirulina содржи голема количина на бета-каротен кој се претвара во телото во витамин А. Hawaiian Spirulina го обезбедува организмот со сите минерали – железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор, цинк, селен и јод. Содржи хлорофил и фикоцианин. Hawaiian Spirulina содржи голема количина на гама линоленска киселина. Во спирулината се присутни и ензими важни за конструкција на нашите клетки. Не содржи холестерол и скроб. Богат извор на омега 3 и омега 6 масни киселини. Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење.

Hawaiian Spirulina во прав може да ја набавите од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Ја има и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

природни начини за отстранување на целулит

Масажа со хранливи масла

Квалитетните масла со своите природни состојки против целулит ќе ѝ дадат на кожата сјај и затегнатост. Воедно, длабински ќе ја нахранат кожата, ќе ја заштитат од оштетувања, ќе ја поттикнат циркулацијата и ќе го ублажат црвенилото, иритацијата и болката во деловите каде има целулит.

Состојки:

  • 30 мл ладно цедено масло од семки од грозје
  • 3 капки етерично масло од грејпфрут
  • 3 капки етерично масло од рузмарин
  • 2 капки етерично масло од лимон
  • 5 капки етерично масло од лаванда

Подготовка и начин на употреба:

  1. Измешајте ги сите масла. Треба да добиете изедначено масло за масажа.
  2. Малку нанесте на кожата и масирајте на местата со целулит околу 20 минути со силни кружни движења. Може да користите и штипење, притисок на кожата и сл.
  3. Потоа исплакнете.
  4. Оваа метода може да се применува еднаш до 2 пати неделно.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети против целулит и за полесно слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: